НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владимир Анчев нов државен секретар во Министерството за одбрана

0
By Sashko on September 21, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска го назначи Владимир Анчев за државен секретар во Министерството за одбрана.

Во Министерството за одбрана тој работи од октомври 2020 година како посебен советник, а од декември 2021 година активно придонесува во функционирањето на Министерството како државен советник.

Анчев, соопштија од МО, во својата кариера има работено на бројни менаџерски позиции во јавниот и во приватниот сектор. Во речиси дведеценискиот работен ангажман има стекнато искуство во доменот на меѓународната соработка и менаџментот на човечките ресурси, првенствено во рамки на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ како соработник за меѓународна соработка, а потоа и во Генералниот секретаријат на Владата и Министерството за информатичко општество и администрација каде фокусот го става на развојот на софтвер за управување со човечки ресурси за 1.300 институции, како и воведување и одржување на стандарди за управување со квалитет.

Работната кариера ја продолжува во приватниот сектор како менаџер за човечки ресурси, каде го води процесот за воведување на оддел за човечки ресурси и подготовка на правилници за внатрешна организација, како и анализа на трудот и спроведување на функционална анализа.

Анчев имал организирано голем број обуки од областа на менаџментот со посебен фокус на човечките ресурси. Член е на Македонската асоцијација за човечки ресурси и Регионалната школа за јавна администрација и автор на поголем број истражувачки трудови посветени на развојот на системот за јавна администрација.

Дипломирал право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.