НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рачињата на Груевски

0
By Xhabir Deralla on September 23, 2022 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ЏАБИР ДЕРАЛА

Само оние што се целосно неуки или наивни, не гледаат дека Данела и Мицкоски доаѓаат од една иста структура. Тие меѓусебно се фатија со „рачињата во медот“. Тендерот од 136 милиони евра (речиси 8,5 милијарди денари) е „само“ еден дел од „пленот“ околу кој паднаа толку тешки зборови и меѓусебни обвиненија. Влијанија, позиции, моќ, други тендери… Значи, Мицкоски и Арсовска се „спукаа“ околу многу поголема тегла со мед. Во меѓувреме, главниот град тоне меѓу танцот на кобрата и боливудската сапуница што ни ја прикажува Вмро.

Толку се распука тиквата, што дури и Оливер Андонов (или „министерот за еден ден“) и неколку други лузери се полакомија за тронот на Мицкоски. „Игранката“ е, сепак, многу поголема од тендерите и моќта што ги носи градската власт. Како и во секоја друга приказна поврзана со вмровците, така и во оваа, „рачето“ на Груевски е најблиску до прекинувачот со кој се пали и гаси светлото во Белата палата.

Тронот на домаќинот на Груевски во Будимпешта сериозно е разнишан. Европа му прави сѐ поголем притисок на Орбан и во овој период го удри таму каде што сите нив најмногу ги боли – парите. Институциите на ЕУ, следејќи ги нарушувањата на владеењето на правото, бидејќи Унгарија „веќе не е вистинска демократија“, се заканува со „суспензија на европските фондови“. Путин ја губи војната, Русите панично заминуваат од државата, трошејќи ги последните заштеди на авиобилети чија цена вртоглаво скокна од мигот кога тој прогласи „делумна мобилизација“.

Состојбата на режимот на Путин е правопропорционална со позициите на секој диктатор во Европа (и пошироко), сегашен, иден или во бегство (како „нашиот“ Груевски).

Затоа, на Груевски итно му требаат подобри позиции во неговата родна земја, а тоа зависи и колку неговата партија е стабилна, силна и – сложна. Тоа, ни по пет години, не му успеа на Мицкоски да го обезбеди. Затоа, тој го испраќа „свилениот гајтан“ од Будимпешта. Преку Данела. Таа е долгогодишна лојална соработничка на Груевски. Како таква, меѓу сите други придобивки и „расадници“, Данела ја доби и позицијата на почесна конзулка на Унгарија. Во Штип, се сеќавате?

Целата сапуница не изгледа ни малку наивно, но зад кулисите се кријат уште многу играчи. Фрлете поглед и на (пре)групирањата во медиумите, како новинарите и уредниците „наивно“ ѝ даваат предност на едната или другата страна. И следат уште нови епизоди, во која и медиумите, а и дел од невладините организации ќе имаат своја помала или поголема улога. Што се однесува до Данела, ако ја изгуби битката, Груевски ќе ја жртвува како пион за коњ. Па од густото мочуриштето ќе „испливаат“ и нови пиони во „играта на тронови“ во Белата палата. Некои од нив веќе сега се наѕираат среде густите испарувања, некои сѐ уште се под краставата површина.

Но…

Ова е политички трилер со трагикомични пресврти во кој нема публика. Сакале-нејќеле, сите учествуваат, макар и како статисти – даночни обрвзници, гласачи, апстиненти, неутралци и партиски пешадинци. Кој мисли дека може само да фаќа сеир, може лесно да се изгори.

CIVIL MEDIA


Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. Текстот е личен став на Авторот.
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.