НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Петровска на средба со Холштајн: Интензивно се развива македонско-германската одбранбена соработка

0
By Sashko on September 26, 2022 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Развојот на одбранбената соработка помеѓу Северна Македонија и Германија, која се фокусира на одбранбената политика, логистиката, воената медицина воената едукација и обука, персоналниот менаџмент, развојот на инфраструктурата, сајбер безбедноста и цивилно-воената соработка, беа теми на разговор на денешната средба на министерката за одбрана Славјанка Петровска со германската амбасадорка во земјава, Анке Холштајн и новопоставениот одбранбен аташе, потполковникот Ханс Петер Вамслер.

„Нашите две земји имаат традиционално одлични односи кои се пресликуваат и во одбраната. Германија е наш посветен партнер и сојузник во Алијансата кој отсекогаш нè поддржувал во достигнувањето на стратешките цели и за тоа сме особено благодарни“, истакнала министерката на состанокот.

Петровска, Холштајн и Вамслер, како што соопшти Министерството за одбрана, разговарале и за моменталните случувања на европскиот континент при што се согласија дека НАТО останува обединето во својата цел – одвраќање и одбрана на територијата на Алијансата, а повикале и на деескалација и итен прекин на воените дејствија во Украина и решавање на сите отворени прашања преку дијалог и по дипломатски пат.

Северна Македонија и Германија во областа на одбраната соработуваат од 1996 година. Германски експерти за персонален менаџмент беа вклучени како советници во изработката на клучниот документ во одбраната, Стратегискиот одбранбен преглед, а во рамките на билатералната соработка во германските центри за едукација и обука се школувале околу 200 припадници на Армијата.

Соработката вклучува и обука по германски јазик која ја имаат посетено околу 200 армиски припадници, а Германија го одобри и барањето за проширување и продолжување на постојната бинационална соработка на вооружените сили на двете држави преку годишни програми и програми за воена помош до 2023 година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.