НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мирот, стабилноста и соработката ќе бидат приоритети на македонското претседавање со ОБСЕ, порача Османи

0
By Sashko on September 27, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска во Собранието, ги претстави приоритетите на претседавањето на Северна Македонија со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во 2023 година.

„Мали држави ретко добиваат ваква шанса да се покажат на голема сцена. Ова е голема шанса за Северна Македонија во период кога регионот на ОБСЕ се соочува со една од најголемите безбедносни закани. Ова е проект од државно значење и претставува признание на нашите реформски напори дома и на нашата проактивна надворешна политика, како веродостоен и одговорен чинител во регионот и пошироко. Тоа беше потврдено на Министерскиот совет во Тирана во 2020, кога консензуално, со поддршка на сите земји учеснички ни беше доверен мандатот да бидеме на чело на Организацијата во 2023“, рече Османи на работниот состанок со Делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на ОБСЕ.

Тој кажа дека приоритетна цел на МКД ОБСЕ 2023 е да придонесе кон напорите и процесите за мир, стабилност и соработка во регионот на ОБСЕ врз основа на принципите и вредностите на Организацијата, сериозно загрозени со воената агресија во Украина.

Целта на претседавањето, како што нагласи, е да иницира процеси кои ќе бидат фокусирани врз луѓето, граѓаните на земјите учеснички, особено оние на кои им треба помош и поддршка. Најголем дел од приоритетите, рече Османи, се поврзани со широки, традиционални теми што се провлекуваат низ агендата на ОБСЕ низ годините и сите имаат своевидна поврзаност со безбедноста согласно профилот на Организацијата.

Шефот на Делегацијата на Собранието во ПС на ОБСЕ, пратеникот Игор Јанушев, рече дека претседавањето со ОБСЕ е несомнено многу сериозен ангажман, чие успешно спроведување претставува заеднички интерес.

И ние како Собрание, нагласи Јанушев, имаме обврски за време на нашето претседавање со ОБСЕ. Тој додаде дека, непосредно пред одржувањето на Министерскиот совет на ОБСЕ во декември, Собранието има обврска да го организира состанокот на Бирото на ПС на ОБСЕ.

Собранието, како што рече Јанушев, уште од 1993 година активно учествува во работата на ПС на ОБСЕ, кое е единствена парламентарна организација во структурата на Организацијата и врши улога на витална врска меѓу владиниот дел на ОБСЕ и пратениците кои се директно избрани од граѓаните.

„Постои плодна соработка меѓу нашиот парламент и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, со цел зајакнување на парламентарната независност, надзорната функција и демократската улога, како и промовирањњто на родовата активност“, рече Јанушев.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.