Џорџа Мелони преку твитер вети целосна поддршка за Украина од новата италијанска влада.
„Знаете дека можете да сметате на нашата лојална поддршка за каузата за слободата на украинскиот народ. Останете силни и одржувајте ја својата вера цврста!“, напиша Мелони на Твитер.
Таа, исто така, остро ја осуди Русија и изминатите денови постојано повторуваше дека е на страна на Киев.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, исто така, преку Твитер ѝ честиташе на Мелони за изборната победа и ѝ се заблагодари на Италија за помошта поради руската инвазија врз Украина.