НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рау: Ако Русија употреби нуклеарно оружје, Полска е за конвенционален, но уништувачки удар од НАТО

0
By Sashko on September 28, 2022 СВЕТ
Фото: osce.org
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На евентуална руска употреба на нуклеарно оружје во Украина, НАТО би требало да одговори со конвенционален, но уништувачки удар, изјави шефот на полската дипломатија Збигњев Рау за американската телевизија „Ен-Би-Си“.

„Колку што ни е познато, претседателот на Русија, Владимир Путин се заканува дека ќе употреби тактичко нуклеарно оружје на територијата на Украина, а притоа не го напаѓа НАТО. Што значи дека НАТО е должен да одговори на конвенционален начин, но така што одговорот ќе биде разорувачки. И мислам дека сега НАТО ѝ праќа на Русија таков сигнал“, смета Рау, пренесуваат денеска дел од полските медиуми.

Шефот на полската дипломатија ја означи мобилизацијата во Русија како доказ дека Путин доживува пораз во својата војна. А, со тоа што на фронтот праќа необучени и слабо опремени регрути, нема да го промени нејзиниот тек.

Полскиот министер предупреди дека дефектот на двата руско-германски гасовода во Балтичкото Море, близу данските територијални води, Северен поток еден и два, лесно може да биде саботажа.

„Експлозиите во Балтичкото Море, исто така, го одвлекуваат вниманието на меѓународната јавност од војната во Украина. Кога ќе ги составиме сите елементи, не можеме да ја исфрлиме тезата оти тоа може да биде елемент на хибридната војна на Русија против НАТО, истакна Рау во дебата во Центарот за стратешки студии во Вашингтон“, јави полското радио.

Полското Министерство за надворешни работи очекува независна истрага за дефектот и истекувањето гас од „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“. Портпаролот на МНР, Лукаш Јасина нагласи дека дотогаш секој треба да си ги одмери зборовите и тоа поради твитот на поранешниот шеф на полската дипломатија и некогашен претседател на Сејмот на полскиот парламент, Радослав Сикорски, кој за несреќата, што го израдувала, им се заблагодари на САД.

Од твитот на Шикорски остро се огради и полската Влада, но и неговите опозициски партиски колеги, а беше обвинет и дека ѝ помага на руската пропаганда.

„Крајна неодговорност“, беше реакцијата на твитот на координаторот на тајните служби во Полска, Станислав Жарин.

Пратеникот во Европскиот Парламент на владејачките полски конзервативци, поранешен министер за внатрешни работи, Јоахим Бруџињски изрази надеж дека станува збор за „алкотвит“ на Шикорски.

„Корисен идиот или руски агент? Прашањето го оставам отворено. Сакам да верувам дека тоа е само алкотвит“, подвлече Бруџињски.

Поранешниот министер за одбрана Томаш Шемјоњак, кој е од опозициската Граѓанска платформа, како и Шикорски, за полското радио изјави дека „во Европа имаме војна. Какви било обвинувања мора да бидат поткрепени со докази. Кој тоа го сторил, нека спроведат истрага тие кои се надлежни, а тоа е Данска. Дотогаш треба да се биде внимателен“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.