НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Милков: Фудбалскиот натпревар и пресудата на Алабаковски не испраќаат позитивна порака

0
By Sashko on September 29, 2022 ПОЛИТИКА
Фото: bnr.bg
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На редовниот брифинг во бугарското Министерство за надворешни работи, министерот Николај Милков коментираше дека оваа недела имало два настана со Република Северна Македонија од кои едниот е фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на двете земји, истакнувајќи дека не сака да го распалува жарот на таа тема.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Милков, темата треба да се затвори.

Вториот настан, како што посочи бугарскиот министер за надворешни работи, е условната казна на Ламбе Алабаковски кој го запали влезот на центарот „Ванчо Михајлов” во Битола.

Николај Милков на брифингот рече дека овие два настана откриваат структурен проблем за правата на Бугарите во Северна Македонија.

Според него, казната на Алабаковски е најлесната можна и додаде дека според законот на Република Северна Македонија, за ова дело се изрекуваат од 6 месеци до 5 години. Додаде дека се очекувало релативно посериозна казна, но тоа е одлука на независниот суд на РСМ. Двете дела извршени во текот на неделата, смета Милков, се дела на омраза, тие испраќаат порака и до народот на Република Северна Македонија и до Бугарија и таа не е позитивна.

Тој рече дека треба да се обрне внимание на тоа дека јазикот што бил користен на натпреварот е јазик што го користеле политичарите. Ова, според него, е слика на обиди за еродирање на досега постигнатите договори и им покажува на граѓаните на Република Северна Македонија каде стои земјата во однос на преговарачкиот процес со ЕУ.

„Обидите за слободно толкување на францускиот предлог и создадената атмосфера во Република Северна Македонија не го фаворизираат процесот. Има долг пат да се изоди“, коментираше министерот за надворешни работи на Бугарија.

Милков додаде дека не би сакал да навлезе во речникот на фудбалски агитации, нагласувајќи дека сè уште гледа позитивно и оти тоа се декларации наменети за внатрешна употреба во Република Северна Македонија. Тие, според него, на никаков начин не го менуваат она што претставува обврска на Република Северна Македонија, како и во однос билатералниот договор, така и во спроведувањето на предлогот на француското претседателство со ЕУ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.