Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ во противнапад: Докажаниот криминалец Мицкоски е фатен со рацете во медот, затоа ДПМНЕ фабрикува лаги за Ковачевски

0
By Xhabir Deralla on October 2, 2022 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, October 2, 2022 20:26

Во својата реакција на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ во кое тие „откриваат“ афера што ја нарекоа „броило“, СДСМ излезе со соопштение во кое целосно ги демантира наводите на опозициската партија, пренесува Фронтлајн.

„Докажаниот криминалец Христијан Мицкоски е фатен со рацете во медот за тендер и провизии од 136 милиони евра, додека Димитар Ковачевски чесно работи за граѓаните. Затоа ВМРО-ДПМНЕ очајно фабрикува лаги за претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски“ – се вели во краткото соопштение на СДСМ денеска.

Според СДСМ, ниту една фабрикувана лага на ВМРО-ДПМНЕ не може да го покрие фактот дека Ковачевски не е дел од сопственичката структура на компанијата Пиксел Гроуп и не е сопственик. Сите податоци за повлекувањето на Ковачевски уште на 28.09.2020 година се јавно објавени и достапни.

„Дека станува збор за класична фабрикувана лага на ВМРО-ДПМНЕ се гледа од тоа што споменуваат државна помош за компаниите, којашто се однесува на сите компании кои исполниле услови. Наместо афера ДПМНЕ денеска пласираше издишан балон. На многу наивен и лош начин Мицкоски покажува колку се плаши од чесниот Ковачевски кој вредно работи за граѓаните. Особено откако Ковачевски го порази Мицкоски на првото изборно соочување, на предвремените локални избори“ – велат од СДСМ.

Претходно, ВМРО-ДПМНЕ, организираа прес конференција со помпезни најави дека „откриле афера“ и на која пратеникот од оваа партија, Лефков изјави дека „аферата БРОИЛО е шема која покажува како Димитар Ковачевски и неговиот кум здружени во Соларен Картел свртеле 26 милиони евра“. СДСМ во краткото, но остро соопштение ги собори наводите на ВМРО-ДПМНЕ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 16, 2026

„Вака се казнуваат и се замолчуваат вработените во правосудството“ — остри критики за предлог-законите за судска и обвинителска служба

ВЕСТИ June 16, 2026

Или да се повлече целиот Предлог-закон или излегуваме на генерален штрајк, се слушнаа најави на…

Техеран: Го отворивме Ормундскиот премин – минаа првите бродови

June 16, 2026

Институт Ројтерс: За прв пат социјалните мрежи прераснаа во доминантниот извор на вести во светот

June 16, 2026

Ваташа: “Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да умре!” – 83 години од Ваташкиот масакар

June 16, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.