НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

И денес објаснувачки скрининг за Македонија во Брисел

0
By Соња Крамарска on October 7, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Делегациите на Северна Македонија и Албанија денес во Брисел го продолжија процесот на објаснувачки скрининг со Европската комисија, за Кластер 2 – Внатрешен пазар, односно поглавје 4 и 9 – Слободно движење на капитал и Финансиски услуги.

Слободно движење на капиталот е основата на слободниот пазар на ЕУ. Европската комисија денес ги претстави новите предлози на европската легислатива во однос на борбата против перење пари и финансирање на тероризмот. Исто така беа претставени и новите предлози на законодавството на ЕУ во однос на системот за брзи плаќања кои се во функција на слободното движење на капиталот.

Дрита Абдиу-Халили – Државен секретар во Секретаријатот за европски прашања и заменик главен преговарач на Северна Македонија со ЕУ, истакна дека нашата земја има направено низа промени во однос на усогласување на националното законодавство со европското законодавство во областа на слободно движење на капитал.

Финансиските услуги се исклучително важни за доброто функционирање на внатрешниот пазар на Европската Унија како еден од основите на ЕУ. Ова поглавје значи усогласеност со регулативите од областа на финансиските услуги, банките, осигурувањето и реосигурањето, пензиските фондови како и пазарот на капитал.

Целосното усогласување со регулативите на Европската Унија, како и доследното спроведување на националните регулативи обезбедува висок степен на стабилност на финансискиот систем на Македонија.

Нашата земја веќе постигнала високо ниво на финансиска интеграција со Европската Унија и успешно го следи патот кон целосна хармонизација, соопштија попладнево од владиниот Секретаријат за европски прашања.

Европската комисија презентираше збир на регулативи и директиви на Европската унија во различни области на финансиски услуги како што се: директива за хартиени обврзници, регулативи за инвестициски фирми, пакетот за закрепнување на пазарите на капитал, предлог пакетот за 2021 година за работата на банките од страна на Европската комисија како и многу други области каде што имало промени во законодавството на Европската унија, кои мора да се усогласат и да се рефлектираат во законодавството на нашата земја.

Во текот на наредната недела ќе продолжат седниците на објаснувачкиот скрининг за Кластер 2, кој се очекува да биде завршен за 2 недели, по што ќе се продолжи со Кластер 3 – Конкуретност и инклузивен раст.

Брисел објаснувачки скрининг
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025
ФОКУС

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

ВЕСТИ August 7, 2025

Повисоките царини на претседателот на САД, Доналд Трамп, кои се движат од 10 до 50…

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.