НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Честитки од државниот и политичкиот врв по повод 11 Октомври: Нашите борци ја избраа вистинската страна

0
By Соња Крамарска on October 11, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денеска по повод големиот македонски празник 11 Октомври пристигнаа бројни честитки од државниот и политичкиот врв на земјава.

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека денес го чествуваме почетокот на антифашистичкото востание и на Народноослободителната борба кога 1941-та, нашите херои, борците од НОБ, храбро и обединето ја избраа вистинската страна на слободата, правдата, прогресот борејќи се за слободарскиот идеал и мир.

„Победничкото антифашистичко народноослободително движење, на првото заседание на АСНОМ го официјализира и идеалот за македонската држава и ние како граѓани, сме вечно благодарни. Го продолжуваме нивниот пат во истата насока, избирајќи го напредокот и мирот на државата и создавајќи подобар живот за сегашните и идните генерации“, вели премиерот во честитката.

Претседателот на Собранието Талат Џафери, порача дека 11 Октомври – Денот на Народното востание е историски ден кога се потсетуваме на одлучната борба против фашизмот – најголемото зло во историјата. Тогашните борци, вели тој, биле уверени, како што сме и ние сега во ова турбулентно време на војна во Украина, и на општа неизвесност во поглед на привидниот мир во светот уверени, за тоа каде да ја дадеме нашата институционална, политичка, материјална и морална поддршка. „Затоа, сплотени и единствени како граѓани, никогаш да не заборавиме да бидеме на вистинската, исправна страна, и заедно да градиме стабилна и сигурна иднина за идните поколенија“, додава Џафери.

Претседателот Стево Пендаровски истакна дека и денес после 81 година од почетокот на антифашистичката борба која ни донесе слобода и македонска држава, заедно со целото човештво сме исправени пред нови искушенија. „Како што излегувајќи во партизани, зад слободарскиот бајрак, застанаа левичари и десничари, Македонци и припадници на останатите националности, селани, работници, еснафи и поимотни, така и сега треба да се сплотиме и заеднички да се соочиме со проблемите“, порача тој.

Опозицискиот лидер Христијан Мицкоски рече дека овој празник е еден од најсветлите датуми во македонската историја, затоа што значеше почеток на едно антифашистичко востание на македонскиот народ, кое беше крунисано со АСНОМ и втемелувањето на македонската државност. „Тоа е нашето свето антифашистичко наследство на кое сите граѓани на Македонија треба да се гордеат, затоа што застанале на вистинската страна на историјата и на тој начин го оствариле вековниот стремеж на илјадници други знајни и незнајни јунаци за слободна Македонија“, истакнува тој во честитката.

11.Октомври честитки
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.