Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски: Заштитата на критичната инфраструктура е национална задача од прв ред

0
By Ана Василевска on October 20, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 20, 2022 15:02

„Во изминатите години се соочувавме со повеќе кризи кои сериозно го нарушија нормалното функционирање на општеството и државата. Повеќе не се поставува прашањето дали ќе има нова криза, туку каква и со кој интензитет ќе биде следната. Затоа заштитата на критичната инфраструктура, во која спаѓаат сите физички и организациски процеси нужни за нормално функционирање на државата, се национална задача од прв ред“, изјави претседателот Стево Пендаровски во обраќањето на конференцијата „Кон отпорност и заштита на критичната инфраструктура: Регионална размена“, во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт“ – Канцеларија во Скопје, во соработка со Претседателскиот центар за политичко образование.

„Размената на најдобри практики е најважниот сегмент, бидејќи државите во нашиот регион се наоѓаат во различни фази од процесот на изградба на сеопфатен систем за заштита на критичната инфраструктура. Дел од нив имаат закони кои системски го уредуваат идентификувањето, односно дефинирањето и заштитата на критичната инфраструктура, при тоа, се разбира, имаат и повеќегодишно искуство во примената на законите, а дел, меѓу кои и Северна Македонија, се наоѓаат во фаза на изработка на својата легислатива“, рече Пендаровски.

Тој истакна дека теоретскиот концепт за „општество на ризик“ од 80-те години на минатиот век, што се појави како реакција на нуклеарната хаварија во Чернобил, за жал, денес е реалност во која секојдневно живееме. Здравствената криза предизвикана од пандемијата на Ковид-19, додаде тој, ни покажа дека и болниците коишто вообичаено не се вбројуваат во институции од критичната инфраструктура од прв степен, можат да станат такви установи доколку кризната ситуација го налага тоа.

„Она што се случи по стивнувањето на пандемијата на најбрутален начин ни покажа колку е важно да бидеме подготвени да ги заштитиме објектите и системите од критична важност за функционирање на нашите држави и општества. Тука се реферирам на руската агресија врз Украина што во Европа повторно ја врати без малку заборавената агресивна војна од една држава кон друга, од историските архиви во реалноста. Сведоци сме како војната од конвенционален тип која Русија ја води против Украина е истовремено и хибридна војна против најголемиот дел од државите во Европа кои ја осудија руската агресија и кои активно ја помагаат Украина да го одбрани својот територијален интегритет и суверенитет. Нападите врз нуклеарните централи во Украина не само што го нарушуваат пазарот на електрична енергија, туку се реална опасност за предизвикување нуклеарни инциденти со несогледливи последици по животот на целиот континент. Диверзиите врз гасоводната инфраструктура дополнително ја влошуваат енергетската криза, а повеќемесечната блокада на главните пристаништа на Црното Море во Украина сериозно го нарушија глобалниот пазар на храна“, оцени Пендаровски.

Претседателот на Републиката потсети дека повеќе години наназад сведочиме за хакерски напади врз клучните компјутерски системи на повеќе држави во регионот од државно спонзорирани поединци и групи и оти таквиот тип на војување во епохата на забрзана дигитализација доведува до парцијална или целосна парализа на транспортот, банкарскиот систем, здравствениот систем, како и до попречување на работата на многу други владини агенции кои се критични за редовното функционирање на државата.

„Ваквиот вид на, во суштина, државно спонзориран тероризам, во некои ситуации, може да нанесе штета поголема дури и од класичните воените напади“, оцени шефот на државата.

Тој изрази задоволство дека во рамките на Министерството за одбрана веќе активно се работи на првиот Закон за критична инфраструктура во земјава.

„Сметам дека во процесот на изработка на законот, многу важно ќе биде настојувањето да се воспостави сеопфатен систем во кој ќе се избегне непотребното дуплирање на ресурсите, паралелизмот или преклопувањето во надлежностите, кое само по себе може да го закочи или направи системот инертен во критични моменти. Со оглед на степенот на влијание врз нормалното функционирање на сите витални потсистеми на државата, мислам дека е клучно да се започне со регулирањето на енергетиката и транспортот, а потоа, постепено да се регулираат и другите сфери. Притоа, да повторам, важно е да се регулираат и сферите кои не спаѓаат во традиционална сфера на критична инфраструктура, но, за кои искуството не научи дека во определен контекст можат да бидат“, рече тој.

Пендаровски ја посочи и потребата од усогласување со европските стандарди во оваа област и усвојување најдобри европски практики.

безбедност Стево Пендаровски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 28, 2026

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

ВЕСТИ May 28, 2026

Американската армија синоќа го нападна иранскиот пристаништен град Бандар Абас, а Иран возврати со напад…

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.