НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски – од радикално неменување на уставот, до барање гаранции за уставни измени

0
By Ана Василевска on October 23, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Христијан Мицкоски денес излезе со дијаметрално спротивен став од тој што го презентираше пред само три месеци во врска со обврската која ја има земјава да изврши уставни измени и да внесе други народи во Преамбулата.
Изминатите три месеци, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ со остро противење на уставните измени креираа дополнителни поделби во македонското општество, за денес опозицискиот лидер да излезе со став дека бараат гаранции од ЕУ дека нема да има ново вето за да ги поддржат уставните измени. Тој дури и ги натера неговите пратеници да потпишат изјави на нотар дека нема да гласаат за уставните измени и дури најави и негово повлекување од политиката доколку барем еден пратеник од неговата партија гласа за внесувањето на други народи во Преамбулата на Уставот.
Сепак, денес, по целиот креиран хаос, тој го менува ставот и кажа дека условот за ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржи уставните измени се јасни гаранции од Брисел и ЕУ дека земјава ќе влезе во ЕУ без ново бугарско вето.
Најави оставка ако некој гласа за уставните измени, денес Мицкоски ги прифаќа измените.
Пред само три месеци, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обидуваше да го извади неговото гласачко тело на улица и да предизвика нестабилност на политичката сцена со радикални ставови во врска со уставните измени кои земјава ги има како обврска пред Европската Унија. Тој ги натера неговите пратеници да потпишат изјави на нотар дека нема да гласаат за уставните измени и дури најави и негово повлекување од политиката доколку барем еден пратеник од неговата партија гласа за внесувањето на други народи во Преамбулата на Уставот. Сепак, денес, по целиот креиран хаос, тој го менува ставот и кажа дека условот за ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржи уставните измени се јасни гаранции од Брисел и ЕУ дека земјава ќе влезе во ЕУ без ново бугарско вето. Ваквите лаги и превртливи ставови на Мицкоски, сепак не беа без последици.
За време на протестите организирани во периодот кога земјава ги отвораше преговорите со ЕУ беа повредени полицајци, приведени и казнувани млади луѓе, а и се креираше уште поголема поделба во општеството.
промена на устав Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.