Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лаура Ковеши станува дел од обвинителскиот систем на Македонија, потпишан договор за соработка

0
By Соња Крамарска on October 24, 2022 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 24, 2022 13:46

Јавниот обвинител Љубомир Јовески денеска во Луксембург потпиша договор за соработка со европската главна обвинителка Лаура Ковеши.

Како што соопштија од Обвинителството, Договорот има за цел да ја олесни меѓусебната соработка и размената на информации меѓу двете обвинителства за да се обезбеди ефикасна истрага и гонење на сторителите на кривични дела, особено кога станува збор за злоупотреби на финансиски средства од европските фондови.

Со договорот е предвидено Јавното обвинителство на Македонија и Европското јавно обвинителство да ги разменуваат сите стратешки информации во нивна надлежност. Европското јавно обвинителство воспоставува и своја контакт точка во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

„Во ова време на глобални финансиски и економски предизвици со кои сите сме соочени, јавните обвинителства и истражните органи воопшто, исто така имаат обврска да вложат максимални напори за да се спречи секоја злоупотреба на буџетски средства. Меѓутоа, финансискиот криминал ги надминува националните граници на државите и само со меѓусебна соработка и заедничка акција можеме навистина да се справиме со злоупотребите“, изјави Јовески при потпишувањето.

Со документот потпишан денеска се предвидува двете обвинителства да одржуваат состаноци на високо ниво, како и технички состаноци на оперативно и административно ниво. Договорот ја воспоставува и можноста двете јавни обвинителства во иднина со посебни договори да формираат и заеднички истражни тимови.

На потпишувањето во седиштето на Европското јавно обвинителство присуствуваа и јавниот обвинител во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија Џељаљ Бајрами и вршителот на должност шеф на Мисијата на Република Северна Македонија во ЕУ Миле Прангоски.​

договор за соработка Лаура Ковеши Љубомир Јовески
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.