НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Утре во Скопје се потпишува договорот Фронтекс со ЕУ на македонски јазик и сите официјални јазици на ЕУ

0
By Xhabir Deralla on October 25, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Овој договор беше 4 години подложен на вето од Бугарија во Советот на министри на ЕУ за внатрешни работи поради противењето на официјална Софија овој договор да биде потпишан на македонски јазик. Таканаречениот француски предлог усвоен во македонскиот парламент во јули го деблокираше потпишувањето на договорот

Утре во Скопје за време на официјалната посета на претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен ќе биде потпишан договорот Фронтекс со кој се Македонија стапува и во официјална соработка со ЕУ во заедничка заштита на границите, дознава Новатв.мк.

Овој договор беше 4 години подложен на вето од Бугарија во Советот на министри на ЕУ за внатрешни работи поради противењето на официјална Софија овој договор да биде потпишан на македонски јазик.

Таканаречениот француски предлог усвоен во македонскиот парламент во јули го деблокираше потпишувањето на договорот Фронтекс кој пред десет дена доби зелено светло во Советот на министрите.

Својот глас ЗА го даде и министерот за внатрешни работи на Бугарија. Договорот ќе биде потпишан на сите официјални јазици на земјите членки на ЕУ и на македонски јазик. Во договорот не е содржана никаква фуснота како што се шпекулираше во јавноста.

Инаку, за време на мигрантската криза, поради неможноста Македонија да го склучи овој договор поради бугарската блокада, мисијата на Фронтекс во Македонија се извршуваше во партнерство со Чешка.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.