Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Туристка загина откако падна карпа врз хотел на грчкиот остров Крит

0
By Соња Крамарска on October 30, 2022 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, October 30, 2022 18:00

Една жена го загуби животот, а нејзиниот 10-годишен син е полесно повреден откако во текот на ноќта се одронила огромна карпа и паднала врз хотелот во кој престојувале во туристичкото место Агиа Фотја во близина на Јерапетра во југоисточниот дел на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Карпата паднала врз собата од хотелот во која престојувало тричленото семејство, кое според локалните медиуми, денеска го завршувало одморот.

Животот го загуби 45-годишната жена, нејзиниот син е полесно повреден, додека пак мажот кој е без повреди бил во делот од собата што останал недопрен од карпата.

Од противпожарната служба на Грција соопштија дека во спасувачката акција учествувале 50 пожарникари со 20 возила, спасувачки екипи волонтери и претставници од општините и било извлечено безживотното тело на жената.

Акцијата за пронаоѓање траела над четири часа, а од падот на карпата уништени се уште неколку соби, кои за среќа биле празни.

Според командантот на противпожарната служба на Крит, Јоргос Цикалакис, на полноќ добиле повик за пад на карпата врз хотел по што веднаш почнала акцијата.

„Успеавме да извлечеме повредено, но во добра состојба 10-годишно момче заедно со неговиот татко, а нашите сили се концентрираа во потрагата по исчезнатата сопруга на спасениот, чие безживотно тело беше пронајдено“, рече Цикалакис за грчките медиуми.

Хотелот со соби за изнајмување е сместен на падините на планина и во близина на плажата.

загина туристка Крит
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026
ФОКУС
April 22, 2026

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

ВЕСТИ April 22, 2026

Нели ви е преку глава од дволичноста и двојните стандарди на „големите“ партии. Законот треба…

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026
ТИКЕР

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.