НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јован Митрески: ВМРО-ДПМНЕ продолжува со блокада на Собранието и на законите за финансиска помош на граѓаните

0
By Соња Крамарска on October 31, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На денешната седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет, конечно поминаа предлог одлуките за прераспределба на средства од Буџетот кои што се директно поврзани предлог Законот за финансиска помош на граѓаните во социјален ризик што Владата ги утврди како мерки за поддршка на граѓаните за справување со кризата, и одлуката измени и дополнувања на Законот за нафтени резерви како помош за институциите, за јавните претпријатија во државна и во општинска сопственост, за позајмици од нафтените резерви за да ја пребродат кризата со енергенси во претстојниот период.

Ова е исходот од долгото одлагање на расправата за овие одлуки, но ова е само првиот чекор кој требаше да биде направен за да се ефектуира предлог законот за финансиска помош на граѓаните како дел од пакетот на Владата за помош за граѓаните за опоравување со последиците од економската и енергетската криза.

Со овие мерки е предвидено да се додели финансиска поддршка за најранливите категории на граѓани, односно за 41.878 лица, пензионери, лицата кои коористат гарантирана социјална помош, лицата кои го користат правото за попреченост по различни основи, лицата со потешки трајни промени во здравствената состојба, самохрани родители корисници на гарантиран минимален приход и стечајните работници.

За сите овие лица со Законот за финансиска помош, во период од 4 месеци, како поддршка во услови на енергетската и ценовната криза, ќе бидат издвоени 502.536.000 денари или 8.171.317 евра, коишто се обезбдени од прераспределба на нефункционалните трошоци од Буџетот на државата.

Во разговор за Цивилмедиа, координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески изјави дека очекува дека во наскоро време, овој, како еден од еден од побитните закони за граѓаните, ќе ја добие поддршката од сите пратеници без непотребни одлагања.

„Јас очекувам дека во наскоро време, еден од побитните закони за граѓаните, Законот за финансиска помош, којшто е пуштен во постапка уште пред две недели, и за кој, за жал, не е закажана Комисијата за финансирање и буџет. Инаку, тоа е законот со којшто е предвидено во траење од 4 месеци да се поддржат граѓаните во социјална несигурност, пензионерите, за лицата коишто примаат надоместок по основ на стечај и за други категории граѓани кои се најпогодени од економската и енергетската криза“, истакна кооординаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески.

Митрески исто така очекува да нема опструкции и за Законот за задолжување од Европската банка за обнова и раазвој со заем од 100 милиони евра за ЕСМ за да се обезбеди производство на струја од домашните енергетски капацитети.

„Очекувам да биде закажана на Комисијата за финансирање и буџет и Законот за задолжување од ЕБОР со 100 милиони евра за ЕСМ за производство и снабдување на струја за граѓаните и фирмите. Исто така и законот, којшто е надвор од кризата, но е редовно работење и проблем за којшто долго време зборуваме и го бараат граѓаните, тоа е задолжувањето од 50 милиони евра за преработка на цврст отпад во регионални фабрики за преработка на отпад“, рече за Цивилмедиа Митрески.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ во Собранието Јован Митрески за Цивилмедиа уште информираше дека, иако пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и од Левица веќе подолго време не учествуваат на состаноците за координација, се вложуваат дополнителни напори и комуникација по други основи за да се поттикне учеството на народните избраници на опозицијата во расправата и донесувањето на законите од интерес на граѓаните и општеството.

За Цивилмедиа: З. Бојаровски

блокада ВМРО-ДПМНЕ јован митрески
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.