Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Излезе од печат „Зелена читанка“  на Green Civil

0
By Соња Крамарска on November 1, 2022 ВЕСТИ, КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 1, 2022 13:24

Излезе печатеното издание на „Зелена читанка“,  во издание на ЦИВИЛ. Целта на публикацијата е, на лесно разбирлив начин, да придонесе кон подобрување на нивото на знаења за зелените прашања и зелените вредности. Публикацијата во електронска и печатена форма произлезе од истоимениот проект кој го спроведува организациската единица Зелен Цивил, во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел.

Публикацијата е печатена на рециклирана хартија и е објавена на македонски и албански јазик.

Главните цели на проектот „Зелена читанка“ беше развој на ресурсите и граѓанска едукација засновани на факти за зелените прашања и зелените вредности. Читанката е наменета за широк спектар на читателки и читатели, а особено може да биде корисна за носителите на одлуки и нивните тимови за односи со јавноста, граѓанските организации, институциите и медиумите за почетно, но и продлабочено запознавање со зелените прашања.

„Забележливо е дека дел од проблематичните одлуки на централно и локално ниво се должат на отсуство на вистинско разбирање на одржливоста и меѓусебната поврзаност со другите релевантни сфери на социо-политичкото дејствување во општеството. Повеќе од итна е потребата да се разбере меѓусебната поврзаност, односно неделивост на областите како што се социјалната и еколошката правда, антинационализмот, владеењето на правото, родова еднаквост и антидискриминација. Тие и не само тие се интегрален дел од зелените политики. А тие вредности може да се негуваат и практикуваат единствено во нивната целовитост и неразделивост“, се вели во едиторијалот на Џабир Дерала, по повод објавувањето на оваа публикација.

Проектот и публикацијата во електронска и печатена форма се заложба што се заснова на искуството на Зелен ЦИВИЛ во комуникацијата со граѓанките и граѓаните, политичките и претставниците на граѓанските организации, како и од мониторингот на медиумите, изборните и политичките процеси, од каде со сигурност може да се извлече заклучок дека недостига основно разбирање и знаења за тоа што значат зелените вредности.

Публикацијата е објавена на 134 страници и содржи 34 текстови со повеќе од стотина поими од областа на зелените прашања. Публикацијата е конципирана на тој начин што остава можност за проширување и осовременување на материјата во иднина. Објавена е на македонски и албански јазик и може да се преземе од greencivil.mk.

 

 

Зелен ЦИВИЛ Зелена читанка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.