НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Никој кај Касами, сите кај Ковачевски

0
By Соња Крамарска on November 4, 2022 ВЕСТИ, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Партијата Беса ќе ги покани на средба лидерите на партиите со албански предзнак, за усогласување на ставовите околу отстранување на референцата 20 отсто, што се однесува на Албанците и албанскиот јазик, во пресрет на отворање на Уставот на Република Северна Македонија а по барање на Република Бугарија, за вметнување на бугарската етничка заедница во Уставот.

Потпретседателот на Беса, Фадил Зендели во емисија на ТВ Клан најави дека лидерот на Беса, Билал Касами ќе ги покани лидерите на другите албански партии на заедничка средба, на која би го разгледале ова прашање. Зендели додаде дека ова е поволен момент да се тргне „20 отсто“ од Уставот.

Претходно, Алијанса за Албанците најавија дека со отворање на Уставот, тие како партија ќе побараат да се „тргне“ референцата „20 отсто“, односно, со ова го условија додавањето на бугарската етничка заедница во Уставот.

Потпретседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари вели дека е отворен за комуникација со другите албански партии по ова прашање.

Потпретседателот на ДУИ и координаторот на парламентарната група на ДУИ, Арбер Адеми,  во емисијата „Патот кон“, на ТВ Алсат, меѓу другото изјави дека Беса нема ниту сила ниту кредибилитет да повикува лидерска средба.

И лидерот на ДПА, Мендух Тачи, најави дека нема да учествува на средбата.

Премиерот Димитар Ковачевски најави повик до парламентарните политички партии за лидерска средба, која би се одржала в понеделник на 7 ноември во 12 часот во Собранието на Република Северна Македонија. Од Алијансата за Албанците се изјаснија дека ќе присуствуваат на средбата и дека се отворени за понатамошен дијалог во врска со отворањето на Уставот. Од ДУИ велат дека сите партии треба да присуствуваат на средбата на лидерите на парламентарните партии, бидејќи се наоѓаме пред една многу важна точка на патот кон ЕУ.

Поканата од Беса за лидерска средба е без одреден датум, односно не се знае кога би се одржала. Со оглед на тоа дека освен Алтернатива (?), другите политички партии нема да присуствуваат на средбата, таа веројатно нема да се одржи.

За отстранување на дефиницијата (20 отсто) од Уставот, односно иницијативата за отстранување си ја припишуваат речиси секоја партија со албански предзнак, вклучително и ДУИ, од каде велат дека 20 отсто бил компромисот на кој се согласиле во 2001 година.

„20 отсто е компромис што беше направен во 2001 година за да не се наруши суштината на Охридскиот мировен договор. Како Албанци го направивме овој компромис. Јас не бев на преговарачката маса, бев со калашников покрај мене во 2001 година, но го прифатив овој компромис, едноставно затоа што од целата меѓународна заедница, од сите оние кои се обидоа да придонесат за мирот и постигнувањето на овој договор, уверивме, но бевме свесни и ние, како и политичките партии со кои тогаш бев во постојана комуникација, дека не се нарушува суштината на договорот и не се нарушуваат правата и унапредувањето на Албанците“, изјави претседателот на ДУИ, Али Ахмети во одговор на новинарско прашање.

Диана Тахири за Цивил Медиа

 

„20 отсто“ Билал Касами уставни измени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.