Кинескиот претседател Си Џинпинг најави дека неговата земја ќе се фокусира на подготовки за војна, бидејќи безбедноста на земјата е сè понестабилна и неизвесна.
Пекинг сеопфатно ќе ја зајакне воената обука и ќе ја подготви армијата за секаква војна. Кинеската безбедност е сè понестабилна и неизвесна, ја пренесува државната ЦЦТВ изјавата на Си.
Кинеската комунистичка партија минатиот месец додаде член во својот Устав за „одлучно противење и одвраќање“ на независноста на Тајван и решително спроведување на политиката „една земја, два система“, формулата со која се планира да се управува со островот во иднина.
Кина спроведе и големи воени вежби пред неодамнешната посета на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси на Тајван. Патувањето го налути Пекинг, кој го сметаше за обид на САД да се меша во внатрешните работи на Кина.