Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Средба Османи – Ландсбергис: Конзистентна и јасна поддршка од Литванија за евроинтеграцијата на земјава

0
By Ана Василевска on November 10, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 10, 2022 11:40

Споделувајќи заеднички европски вредности, Северна Македонија и Литванија посветено градат мостови на пријателство и соработка, но и бараат решенија за справување со заедничките предизвици, оценија на денешната средба во Вилнус министерот за надворешни работи Бујар Османи и неговиот литвански колега Габриелиус Ландсбергис.

На средбата, како што соопшти МНР, е потврден динамичниот политички дијалог кој оваа година резултира со две билатерални посети во Скопје и Вилнус и претставува охрабрување за градење поблиски односи и партнерство.

Османи се заблагодари за конзистентната и јасна поддршка на Литванија во однос на европската интеграција на нашата земја, како и за артикулирање на потребата од стабилен и демократски Западен Балкан и негово што поскоро пристапување во Европската Унија.

„Фактот што Литванија е дел од групата на пријатели на проширувањето, е многу значаен и охрабрувачки за Северна Македонија.“ потенцира Османи.

Во овој контекст, Османи го брифираше својот домаќин за тековниот скрининг процес, како особено значајна фаза во процесот на пристапните преговори со Европската Унија, како и за активностите кои престојат во наредниот период.

„Истовремено, новата динамика на геополитички случувања, како последица на војната во Украина, наметнува силна потреба од единство и поблиска соработка меѓу Европската Унија и Алијансата. Зајакнувањето на Источното крило на Алијансата и нашата обединетост како сојузници во однос на одвраќање и одбрана на секоја педа од територијата на земјите членки на НАТО е придонес кон глобалната, регионалната и безбедноста на секоја поединечна земја“, истакна Османи.

Министерот Ландсбергис, од своја страна, изрази уверување и подготвеност на Литванија да продолжи силно да ја поддржува земјава, со уверување дека европските интеграции се силна движечка сила на реформските процеси, бидејќи поттикнуваат позитивна промена, просперитет и стабилност.

Тој брифираше за состојбите во Балтикот и безбедносните ризици во непосредно соседство, предизвикани од руската агресија врз Украина, при што ја реафирмира потребата од едногласна солидарност за поддршка на украинските граѓани кои се борат за слобода, како дома, така и пошироко.

„Во овој контекст, Литванија го реафирмира ставот дека целосната усогласеност на Северна Македонија со заедничката и надворешна безбедносна политика на ЕУ за примена на санкциите кон Русија, високо се цени од официјален Вилнус, како чекор кој го потврдува нашето единство и солидарност.“ се наведува соопштението од МНР.

Двајцата министри разменија мислења за развојот на состојбите во Западниот Балкан, како и за неодложната потреба од дијалог и меѓусебно почитување за изнаоѓање на прифатливи решенија за затворање на отворените прашања. Министерот Османи брифираше и за идното претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ во текот на 2023 година, изразувајќи надеж за блиска соработка и поддршка од пријателска Литванија.

Возвратната посета на Османи на Литванија, која е во рамки на неговата регионална посета на балтичките земји, се реализира на покана на шефот на литванската дипломатија Ландсбергис, кој е воедно и домаќин на Вториот форум на високо ниво за иднината на демократија, што се одржува во Вилнус.

Бујар Османи Литванија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.