НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анџела Агелер – име кое ветува

0
By Соња Крамарска on November 11, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

СОЊА КРАМАРСКА

 

Некој ќе рече сите американски функционери се исти. Ги следат насоките од Вашингтон и така дејствуваат. Но, не се исти. Не се исти ни сите претседатели на држави. Ни сите премиери, или министри. Некои само седат и чекаат насоки од горе, некои преземаат иницијатива. Некои сакаат да видат резултати од нивната работа, некои само работат. Некои вложуваат и емоции во својата работа, а некои не. Има функционери кои повеќе се соживуваат со луѓето од својата околина, а има и такви кои не ги засега ништо.

На Анџела Агелер подобро би и прилегало името и презимето Анџела Агилер, кое  ја одразува нејзината агилност според која ја паметиме од времето кога беше соговорник и поддршка на медиумите во Македонија како советничка во амбасадата во Скопје за јавност и медиуми.

Во нејзиното амбасадорско обраќање, пак, пред Комитетот за надворешни работи на американскиот Сенат, Агелер стави фокус на борбата против корупцијата и на реформите во нашата земја. Определба која ја потврди и во нејзиното прва порака во Скопје во која се осврна на „борбата против корупцијата и непримерното политичко влијание“. По средбата со премиерот, шефовите на парламентот и дипломатијата во изминатите денови, пак, преку Фејсбук објави дека дискутирале за заедничките приоритети, интегрирање на Северна Македонија во ЕУ, стратешкото партнерство како две НАТО држави и борбата против корупцијата и напримерното политичко влијание.

Амбасадорката Агелер има богата биографија . Има работено во Индија, Унгарија, Буркина Фасо, Пакистан, Виетнам и Франција. Волонтирала и во мировниот корпус во Централно Афиканската Република. Пред да ја почне дипломатската кариера за која се инспирирала од нејзиниот сопруг Брајан Агелер кој и исто така познато име во регионов, таа работела во Националната галерија на уметноста во Вашингтон. Според Геополитичкиот фестивал Гренобл  во Стејт Департментот првин влегува како сопруга на тогашниот службеник Брајан Агелер, со кого се до денеска партнери и во животот и во кариерата.

По нејзината номинација за амбасадорка во Македонија на 25 мај 2022, името на Агелер повторно оживеа во домашните политички кругови поради претходниот ангажман и печатот што го остави во американската политика кон нашата држава. Таа беше во Македонија во едно специфично време кога се гледаа првите зародиши на автократското владеење на конзервативната влада на Груевски и кога веќе се гледаа првите знаци дека медиумите можат да бидат првата жртва на тоталитаристичкото владеење.

Нејзиното заминување пред да ескалираат состојбите во државата не значи ништо бидејќи комуникативна каква што беше Агелер во својот нотес и на социјалните мрежи имаше многу контакти во Македонија од кои можеше да „остане во врска“ со случувањата во државава.

И да се вратиме на почеток со забелешката дека не се сите американски функционери исти, бидејќи првата изјава што ја даде Агелер пред Комитетот за надворешни работи на американскиот Сенат како нова амбасадорка во Македонија, беше дочекана со бурен аплауз во овдешната јавност.

Во изјавата таа меѓу другото вели: „Северна Македонија помина тешки предизвици и направи тешки избори за да постигне историски чекор напред на нејзиниот интегративен пат. Ќе се надоврзам на овие успеси за обезбедување на пристапниот пат на Северна Македонија во ЕУ“. Но аплаузот дојде за делот каде што додава: Ќе ги поттикнам реформите во судството и ќе ги повикам институциите на Северна Македонија да промовираат транспарентност, да ги истражуваат наводите за злоупотреба и решително да се спротивстават на корупцијата за да се зајакне довербата на јавноста во владеењето. Ќе работам со меѓуагенциските партнери за да и помогнам на Северна Македонија да развие национална стратегија која ефективно ќе бара одговорност од корумпираните актери“.

Агелер доаѓа во Македонија кога регионот повторно зоврива, овојпат со новите тензии меѓу Белград и Приштина, и кога постои недефиниран однос на Србија кон Русија, длабока политичка криза во БиХ, и изложеност на Балканот на руско влијание, што несомнено ќе ја стави на жешка линија со американскиот претставник во Белград, колегата Кристофер Хил, кој е исто така поранешен амбасадор во нашата земја.

За Македонија е секако од големо значење што таа освен дипломат е и наш докажан американски пријател. Доследна на ветувањата што ги даде во Вашингтон, амбасадорката Анџела Агелер упати силна порака  при предавањето на акредитивните писма на шефот на државата Пендаровски. Нема да ве оставиме сами, ќе стоиме рамо до рамо со луѓето на оваа земја, вели таа.

„Северна Македонија се соочила со големи предизвици и донесе тешки одлуки на патот кон евроатлантските интеграции, како промената на името за да стане 30-тата членка на НАТО и отворање на пристапните преговори за членство во Европската Унија. Иднината е навистина светла, и покрај тоа што земјата се соочува со стари и со нови предизвици. Денес сум овде да ветам дека нема сами да се соочите со тие предизвици. Соединетите Американски Држави, Амбасадата на САД и јас ќе сториме сè што е во наша моќ да им помогнеме на луѓето во Северна Македонија да успеат да ги прифатат и да ги надминат сите тие предизвици. Ви го давам мојот личен завет дека ќе стоиме рамо до рамо со луѓето на оваа земја, така како што земјата ги остварува своите цели за мир, просперитет, безбедност и независност за сите свои граѓани“, рече таа.

Многу амбициозно, би рекле, затоа што политичките турбуленции во Македонија допрва почнуваат. Уставните измени, кои се услов за продолжување на преговарачкиот процес со ЕУ, со оглед на противењето на опозицијата но и на мали партии од владејчката коалиција, можат да донесат нови тензии и неизвесност. САД како партнерска земја ќе мораат уште еднаш да ги покажат вештините на нивната булдожер дипломатија за да не дојде до нов застој на преговорите за ЕУ членство. Згора на тоа, Вашингтон ќе мора да ја растерува и руската магла над Балканот која и натаму е присутна и покрај зафатеноста на Москва со војната во Украина.

 

 

Анџела Агелер портрет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.