НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Презентирана веб платформата etransport.mtc.gov.mk за контрола на превозниците на патници

0
By Gabi Tocko on November 12, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сите граѓани од денеска во реално време ќе можат да ги проверуваат превозниците во патниот сообраќај дали поседуваат лиценци и сите неправилности да ги пријавуваат до надлежните органи, соопшти владината прес-служба.

Ова е овзоможено со новиот јавен сервис etransport.mtc.gov.mk , кој денеска го презентираа министерот за транспорт и врски Благој Бочвaрски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, директорката на Царинската управа Славица Кутиров и директорот на Државниот транспортен инспекторат Гајур Рушити.

Проверката се однесува само за превозниците кои вршат превоз на патници во меѓуопштинскиот и меѓународниот сообраќај. Пребарувањето и контролата може да се изврши преку впишување на името на компанијата или по бројот на регистарски таблички.

Граѓаните заедно со државните институции ќе можат да бидат рамноправен контролор на терен. Ова го правиме за да го подобриме системот на контрола и да овозможиме подобар, побрз и поефикасен транспорт. Заеднички ја изработивме веб платформата etransport.mtc.gov.mk , за да го подигнеме нивото на услуги за граѓаните и да се избориме против оние кои се дрзнуваат да фалисфикуваат документи. Превозот мора да биде на виско ниво, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Институциите ги потпишаа и договорите за соработка со што се овозможува меѓусебна размена на податоци како една значајна системска мерка за поефикасна контрола во патничкиот и товарниот транспорт.

За нас како Министерството за внатрешни работи секоја нова иницијатива што има за цел стриктно почитување на законите, и поголема сигурност и безбедност на граѓаните, е добредојдена, и безусловно прифатлива. Како дополнителен аргумент во институционалната решителност за севкупно подобрување на нормативните и други стандарди во патничкиот транспорт и транспортот на стоки, е и денешнава промоција на веб страницата www.etransport.mtc.gov.mk , не само како логичен туку и логистички инструмент на потпишаниот Договор за соработка, туку и во контекст на приоритетните заложби на Владата на Република Северна Македонија и на министерствата за транспарентно, отчетно и одговорно работење, кое што целосно и во континуитет ќе биде ставено на увид на граѓаните, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Во текот на оваа година, Царинската управа заедно со Министерството за транспорт и врски интензивно работеше на надградба на системите на двете институции и нивно поврзување преку платформата за интероперабилност. Како резултат на овој развој, креирани се нови сервиси кои на царинските службеници на граничните премини им овозможуваат во реално време да вршат проверка на веродостојноста на приложените документи, односно на изводот од лиценца за возилата и сертификатите на возачите, дирекно во базите на податоци во системите на Министерството за транспорт и врски. Поврзувањето на двете институции и користењето на овој сервис, претставува голем чекор напред кон спречување на нелегални активности на сите учесници во прекуграничниот сообраќај, истакна директорката на Царинската управа, Славица Кутиров.

Директорот на Државниот инспекторат за транспорт, Гајур Рушити додаде дека „со овој електронски пристап Државниот инспекторат за транспорт ќе добие една многу важна алатка која ќе придонесе за поефикасно, подобро и поквалитетно вршење на инспекцискиот надзор, при што инспекциските надзори ќе бидат со пократко време на траење на цела територија на државата. Едноставно со овој договор граѓаните ќе бидат поинформирани и нема да се чека на контролните пунктови за тоа дали превозниците поседуваат или не поседуваат соодветни лиценци за вршење н превоз на патници и стока“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.