Апелациониот суд денеска ја сослуша пресудата за случајот „Ликвидација“ во кој на 4,5 години затвор беше осуден и новинарот Томислав Кежаровски. Во моментов следува сослушување на образложенијата на адвокатите на обвинетите по жалбите до Судот. Новинари од различни редакции се собраа во Судот во знак на поддршка на колегата Кежаровски.
-Ние денеска ја покажуваме нашата посветеност за случајот со Кежаровски. Очекуваме судот да ја донесе единствената можна пресуда, односно ослободителна и со тоа ја прекине казната за Кежаровски – изјави Тамара Чаусидис, која е дел од иницијативниот одбор за ослободување на Кежаровски.
Апелациониот суд по разгледување на жалбите ќе одлучи дали ќе ја потврди пресудата на Основниот суд, дали ќе ги укине казните или, пак, ќе го врати предметот на повторно судење.