„Од денеска не сум дел од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, ќе дејствувам независно, а вие слободно можете да продолжите со заканите кои ги испраќате до мене изминативе денови. Не се плашам и ќе продолжам да работам за она што го ветив на граѓаните во кампањата, а тоа е модерно Скопје. Вие ја блокирате работата на Градот, јас нема да бидам дел од тоа“, објави денес советничката во Град Скопје Ирена Попова.
Таа е втор совентик кој ја напушти коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје. Пред неколку седници коалицијата ја напушти Александар Трајковски, кој како член на ГРОМ беше на листата на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ. Веднаш по напуштање на коалицијата со ВМР0-ДПМНЕ Трајковски беше назначен од Арсовска за заменик-градоначалник.
Во Советот на Град Скопје сега ВМРО-ДПМНЕ има 16 советници, СДСМ 12, ДУИ има 5 советнции, а Левица 4. По два советника на локалните избори добија ЛДП и Зелен хуман град, а по еден Алијанса за Албанците и Алтернатива. Во Советот со денешното заминување на Попова од ВМРО-ДПМНЕ, има и два независни советника.