Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Народна Банка: Инфлацијата во октомври 19,8 посто, препорачуваме претпазливи домашни политики  

0
By Соња Крамарска on November 16, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 16, 2022 15:09

Во однос на најновите показатели, годишната стапка на инфлација во октомври достигна 19,8 проценти, соопшти попладнево Народна Банка. Забрзувањето во целост се должи на порастот на цените на одредени типови прехранбени производи на домашниот пазар. Со тоа, просечната годишна инфлација во периодот јануари – октомври 2022 година изнесува 13,2 посто, што и натаму во најголем дел се должи на растот на цените на прехранбените производи и на енергијата.

„И покрај тоа што факторите коишто придонесуваат за раст на инфлацијата претежно се увезени ценовни притисоци, тие влијаат и врз инфлациските очекувања. За ова придонесува и неизвесноста од идната динамика на цените на примарните производи на берзите, а особено на енергентите, којашто е нагласена поради воените случувања во Украина и санкциите кон Русија. Оттука, од исклучителна важност е водењето претпазливи домашни политики и внимателното управување со домашната побарувачка. Според тековните остварувања и оцените за увозните цени, ризиците за инфлацијата се нагорни“, предупреди Банката.

Народна Банка информира и дека во услови на натамошни поумерени притисоци од енергетската криза и прилив на девизи од менувачкиот пазар, домашниот девизен пазар и натаму е стабилен. Банката и во текот на октомври интервенирала со откуп на девизи на девизниот пазар, а девизните резерви од јули наваму бележат постојан раст. 

Оцените за надворешната позиција на економијата упатуваат на поголеми притисоци од енергетската криза врз трговскиот дефицит, но од друга страна има подобри остварувања кај приватните трансфери, со што девизните резерви и натаму се во комфорната зона којашто гарантира одржување на стабилноста на курсот на домашната валута во однос на еврото.

Во однос на активноста во домашната економија, бруто домашниот производ во првото полугодие од годината забележа умерен реален раст од 2,6 посто. Сепак, податоците за домашната економска активност во третиот квартал упатуваат на забавување на реалниот економски раст, видливи преку значителното забавување на реалниот годишен раст на прометот во вкупната трговија и падот кај индустриското производство и кај извршените градежни работи.

„Ова, заедно со надолните ревизии на странската побарувачка поради ефектите од воениот конфликт во Украина и енергетската криза, упатува на понеповолни изгледи и надолни ризици за растот во следниот период“, велат од Народна Банка.

„Општо земено, неповолното надворешно окружување и нагласените ризици налагаат водење исклучително претпазливи домашни политики“, порача највисоката домашна монетарна институција.

 

инфлација во октомври Народна банка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

ВЕСТИ May 8, 2026

Институтот за проучување на војната (ISW) објави мапа и анализа на синоќешните американски воздушни напади…

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

May 5, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.