Published: Sunday, October 26, 2014 11:07
Ирачките власти соопштија дека во самоубиствен бомбашки напад, на 20 километри северно од Багдад загинаа осум припадници на шиитската милиција, а ранети се 17 лица.
Нападот се случил вчера попладне, кога напаѓач го активирал ременот со експлозив во градот Таџи, јавува Би-Би-Си.
Здравствените власти го потврдија билансот на жртвите на нападот.




