НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Андонов: Трендот на заштеда на електрична енергија е во нагорна линија, заложбите не се декларативни

0
By Ана Василевска on November 23, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владиниот советник за енергетика, Виктор Андонов истакна дека штедењето за кое секојдневно се зборува е пред се во интерес на граѓаните и овие заложби не се само декларативни, туку се спроведуваат и секојдневно од сите институции.

„Доказ за тоа се бројките и фактите, во месец октомври во споредба со истиот месец лани, државните институции со почитување на препораките за штедење на електрична енергија за безбедна зима успеале да заштедат 24 отсто електрична енергија. Владата на Република Северна Македонија заедно со посветениот и одговорен пристап на сите свои вработени заштедила вкупно 32 отсто на електрична енергија“, рече Андонов на денешната прес-конференција.

Според него трендот на зголемување на заштедите на електрична енергија е во нагорна линија и во месец септември во споредба со истиот месец лани сме имале 20 отсто заштеди на електрична енергија, а веќе во октомври има пораст и тој изнесува 24 отсто во споредба со октомври 2021 година.

„Во текот на овој месец, и во периодот што следува сите треба да сме максимално одговорни, заради пониските температури да бидеме уште повнимателни во користењето на електричната енергија за да го продолжиме овој тренд на намалување на потрошувачката, односно да продолжиме со зголемување на заштедите“, кажа Андонов.

Тој додаде дека како одговорна Влада одговорно менаџираат со ресурсите. Воедно, Андонов им се заблагодари на сите колеги вработени во Владата и сите вработени во државните институции кои покажале висока свесност за состојбата во која се наоѓаме.

„Евидентно, бројките покажуваат резултат со заштеда која е нотирана веќе втор месец по ред. Сите заедно и солидарно треба рационално да ги користиме ресурсите со кои располагаме, особено сега во време на криза, кога постои реален недостаток на електрична енергија и на ресурси. Секоја една мала промена на навиките може да доведе до голема заштеда на електрична енергија и ресурси“, истакна Андонов.

Виктор Андонов Енергетика мерки за штедење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.