НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Следната година инфлацијата се намалува, а економијата ќе се стабилизира, проекција на Народна банка

0
By Marta Pesevska on November 23, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Народната банка со нови ревидирани проекции. Есенските проекции на централната банка покажуваат дека годинава би ја завршиле со инфлација од 14,3 проценти, а следната година се очекува постепено забавување на ниво од 8 до 9 проценти.

На среден рок, инфлацијата ќе се намалува сведувајќи се на 2,4 проценти во 2024 година и на 2 проценти во 2025 година. Не се предвидува квартален пад на економијата.

Според основното сценарио, стапката на раст за годинава би била 2,3 проценти, а за следната година 2,6 проценти, додека според второто сценарио, растот оваа година би изнесувал околу два процента и би забавил на 1,8 проенти следната година. На среден рок, се предвидува опоравување на растот на БДП на 3,6 проценти во 2024 година и на 4 проценти во 2025 година. Ризиците околу растот остануваат надолни и во голема мера ќе зависат од движењата во европската економија.

– Ризиците за проекциите се оценуваат како изразено надолни и се поврзани со надворешното опкружување особено со текот на војната во Украина и импликациите на глобалните пазари врз примарните производи и врз растот на европската економија. Овој неизвесен глобален контекст уште повеќе ја потенцира потребата за водење на прудентни домашни политики, истакна гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска на денешната прес-конференција.

За разликата во инфлацијата што ја има во Европската унија и кај нас, гувернерката вели постојат неколку фактори.

– Нашата увозна зависност и степенот на трговска отвореност на нашата економија е значајно поголем во споредба со Европската унија. Кај нас трговската отвореност е 140 проценти од БДП, а во ЕУ 70 проценти. Вториот важен фактор е голема увозна зависност во енергетскиот сектор, а нашата економија во споредба со европската е поенергетски интензивна. Третиот значаен фактор е потрошувачката кошничка, односно кај нас на храна и енергија отпаѓа околу 50 проценти, а во ЕУ околу 30 проценти. Оттука јасно е дека ист глобален шок ги погодува сите економии, но интензитетот со кој ги погодува, зависи од голем број домашни фактори, посочи Ангеловска-Бежоска.

За годинава, дефицитот во тековната сметка на билансот на плаќања се очекува да изнесува 7,4 проценти од БДП, а во 2023 година предвидено е да се намали на 5,6 проценти за на среден рок во 2024-2025 година да имаме низок дефицит на тековната сметка од 1,6 проценти од БДП, сличен на претпадемискиот просек.

Од Народната банка уште еднаш потврдија дека граѓаните не треба да се грижат за стабилноста на денарот затоа што девизните резерви се на ниво од 3,7 милијарди што е на слично ниво како и на почетокот на годината, а очекувањата се дека тие ќе продолжат да растат што е гаранција за одржувањето на домашната валута.

Приватните трасфери од странство бележат зголемување и се очекува годинава да надминат две милијарди евра. Минатата година растеле близу 40 проценти, а досега оваа година околу 30 проценти.

Најновите проекции за кредитниот пазар упатуваат на умерено забавување на растот на кредитната активност до крајот на годинава, кое ќе продолжи и во 2023 година. Растот на кредитите во 2022 година се очекува да изнесува 9,2 проценти на годишна основа, додека во 2023 година 7,1 проценти. Во следниот период се очекува стабилизирање на кредитната активност, со просечна стапка на раст од 7,5 проценти во периодот 2024‒2025 година, во услови на раст на домашната економија, стабилизација на очекувањата и зголемена побарувачка на кредити од домаќинствата и корпоративниот сектор.

С. Т.

Извор: ЦивилМедиа

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
ФОКУС

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

ВЕСТИ August 7, 2025

Повисоките царини на претседателот на САД, Доналд Трамп, кои се движат од 10 до 50…

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.