НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бектеши очекува поддршка од 120 пратеници за реорганизацијата во Министерството за економија

0
By Marta Pesevska on November 23, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за економија Крешник Бектеши изјави дека очекува големо мнозинство од пратениците во Собранието да ја поддржат најавената реогранизација на Министерството за економија.

– Јас сум убеден дека не само две третини, туку 120 пратеници треба да гласаат за вакви законски решенија кои се носат преку дебата со сите засегнати страни, со надворешни и внатрешни експерти. Ако во случај одредена политичка партија одлучи да не се прави ваква реформа и ние да се вратиме назад, а не да одиме напред, тоа е нивна одговорност. Иако јас не верувам дека во нашето Собрание, освен можеби една политичка партија, Левица на пример, другите се против реформите, истакна вечерва министерот за економија Крешник Бектеши при гостување во емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма.

Министерството за економија во моментот е институција која покрива 14 сектори и има осум агенции. До 1 јули во 2023 година ќе треба да се реорганизира во пет директорати, четири агенции да се спојат во две, два инспектората во еден и да има унифициран економски регулатор.

Бектеши посочи дека Министерството за економија е едно од трите министерства кои доброволно се пријавиле за учество во пилот проектот за реформи на јавната администрација што е финансиран од Европската Унија. Останатите две се Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерството за информатичко општество и администрација.

– Не може во една институција со 14 сектори, се да потпише министерот. Прво, не може да постигне да потпише стотина лиценци, документи, известувања, одлуки, мислења. Значи треба да се делегира и одговорноста и работата на директоратите, на стручните лица кои таа работа ќе ја завршат согласно законските одредби, законските акти, правилници и регулативите кои произлегуваат законите за кои е надлежно едно министерство, нагласи министерот за економија.

Тој појасни дека целта на проектот е да имаме поквалитетни јавни услуги, со помалку трошоци и воедно да се зголеми степенот на професионалност на државната администрација, да има подобри услуги и за граѓаните и за бизнис секторот.

– Во Министерството за економија сум кажал и ќе повторам дека треба да се направи ваква реорганизација, заклучи Бектеши.

Извор: МИА

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
ФОКУС

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

ВЕСТИ August 7, 2025

Повисоките царини на претседателот на САД, Доналд Трамп, кои се движат од 10 до 50…

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.