НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: АНБ за 20 дена ќе има нов директор

0
By Соња Крамарска on November 24, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Димитар Ковачевски најави денеска дека Агенцијата за национална безбедност (АНБ) за 20 дена ќе добие нов директор, кој ќе дојде на местото на досегашниот Виктор Димовски. Премиерот, сепак, не сподели повеќе детали од вчерашната затворена владина седница на која АНБ реферираше за случајот со Онишченко, со образложение дека тоа е спротивно на законот, ниту дали евентуално ќе има некаква одговорност за Димовски.

Одговарајќи на прашање на новинарите дали Димовски ќе понесе некаква одговорност во врска со државјанството на Олександр Онишченко, Ковачевски рече дека не може сподели детали од затворената владина седница.

„Она што е познато од седницата е дека е иницирана постапка за поништување на државјанството“, рече Ковачевски, додавајќи дека дополнителни информации од затворена седница на влада не може да се споделуваат бидејќи тоа е строго и тешко казниво дело со казна затвор од една до пет години.

„Сѐ она што ќе треба да биде споделено во делот на истрагата во АНБ и тоа што ќе следи согласно со процедурите и законите што се однесуваат на АНБ. Во однос на раководењето со АНБ за 20 дена ќе има нов директор на АНБ“, посочи премиерот Ковачевски.
Запрашан кој е лажниот документ што го доставил Онишченко за добивање државјанство, како и дали документите ќе бидат проверувани и за други случаи за доделување државјанство,  премиерот повтори дека не смее да изнесува детали од затворена седница.

„Она што е разговарано на затворена седница не може да се споделува“, рече Ковачевски.

 

АНБ Димитар Ковачевски нов директор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.