По долго и тешко боледување, утрово, на 77- годишна возраст почина доктор Јовица Угриновски. Веста ја објавија од болницата „Неуромедика“.
„Со огромна жалост сакаме да ве известиме дека утрово, на 77-годишна возраст, по тешко боледување, почина нашиот ценет и почитуван проф. д-р Јовица Угриновски. Тој беше основач и претседател на Управниот одбор на ‘Неуромедика’. Менаџерскиот тим и сите вработени изразуваат огромна почит и благодарност за соработката и успесите во работењето“, се наведува во нивната објава.