НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ИНТЕГРАЛЕН ГОВОР) Штајнмаер: За патот кон Европа вреди и следниот тежок чекор

0
By Соња Крамарска on November 29, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Германија Франк Валтер Штајнмаер денеска и утре е во посета на Македонија. Во рамки на посетата денеска тој имаше говор во парламентот на кој присуствуваа пратениците од сите пратенички групи.

Во продолжение го даваме интегралниот говор на германскиот гостин:

Голема благодарност за поканата на Северна Македонија. Чест ми е што можам да ви се обратам. Не помина ни половина година кога вие тука во оваа сала испишавте историја. Кога на 16 јули оваа година ја донесовте одлуката која не беше едноставна за никого од вас, за гласање на протоколот со Бугарија, за да продолжите да чекорите по патот СМ кон ЕУ.

Сликата како се вее МК знаме и знамето на ЕУ тука во оваа сала по гласањето, таа слика во Германија ја примивме со радост, со олеснување и со голема длабока почит кон вас и целата ваша земја.

Се разбира дека ги видовме и дргите слики околу гласањето, плакатите тука во салата и пред ова Собрание кои бараа НЕ, исто така и сликите од демонстрациите и во Скопје и во другите градови од вашата земја. Протоколот со Бугарија, потребната уставна измена, овие теми знам ги засегаат луѓето, бидејќи станува збор за прашања од националниот идентитет, историја и култура. Сигурно дека е правилно овие дебати да се водат со страст. На важните општествени дебати им е потребен овој страствен пристап.

Сметам дека вие може самоуверено да ги водите овие дебати, вие самите, луѓето на Северна Македонија. Вие ја обликувате и вие одредувате што ја сочинува вашата земја, вие решавате како треба да изгледа Македонија денес и како треба да изгледа во иднина. Онака како што тоа го правите од пред 30 години. Онака како што тоа го формулираше македонскиот писател Блаже Конески – кога кажа и напиша „јазикот е нашата татковина“ …

Свесен сум дека патот кон ЕУ е се освен лесен, дека довербата и трпението во макотрпните преговори ќе бидат оптоварени некогаш и преоптоварени но мојата молба до вас пратениците во Собранието но и до сите граѓани е – продолжете да чекорите по патот на пристапниот процес и тоа решително, не скршнувајте на последните метри.

Сигурен сум дека повторно ќе дебатирате со страст и самоуверено, но кај оваа уставна промена станува збор за повеќе од собирање на поени во внатре -политичка дебата. Тоа е многу повеќе од партиско – политичко или лично профилирање. Сега не е време да се западне во поедноставени формули со националистички призвуци.

Мојата молба е – не ја губете долгогодишната цел, тоа што е стремеж 17 години, пристапувањето кон ЕУ. Сигурен сум – за патот кон Европа вреди и следниот тежок чекор.

Со мојот поглед од Германија можам да ве уверам, имаме голема, длабока почит кон вашата земја. Оваа почит не потекнува од кога фудбалската репрезентација на Северна Македонија триумфираше во Диусбург за време на квалификациите за Светското првенство. Нашата длабока почит се должи на вашиот крајно трнлив пат кон ЕУ. Вашата земја докажа секогаш и повторна енормна политичка храброст.

Охридскиот договор од 2001 и Преспанскиот договор со Грција 2018/19, покажуваат дека вашата земја го владее она што можеби е најтешката задача во демократијата воопшто – да се водат болни дебати, да се разрешуваат конфликти, да прифаќа компромиси и на тој начин да решава проблеми со далекусежно значење за нацијата.

Две нешта се според мене важни: Прво, без Западен Балкан и без Северна Македонија, ЕУ не е целосна. Второто мора истовремено да важи, уште денес пристапниот процес мора да донесе конкретни подобрувања за Македонците и Македонките, за луѓето од целиот Западен Балкан.

Потребни се политички и економски реформи, исто како и реформи во правосудството. Реформи од кои луѓето ќе профитираат во нивното секојдневние. Северна Македонија е на многу добар пат.

На патот кој следи чекаат многу понатамошни подобрување за граѓаните на вашата земја. Ќе ги именувам само мерките за борба против корупцијата и модернизацијата на јавната администрација. Тоа што државите од Западен Балкан и Германија токму неодамна на почетокот на ноември во Берлин успеаа да придвижат се многу понатамошни конкретни активности. Тоа не охрабрува не само нас и вас бидејќи наскоро ќе може само со лична карта да се поминат тука границите во регионот. Наскоро ќе може да се започнат обуки и работа и во некоја друга држава од Западен Балкан. Образовните дипломи ќе бидат меѓусебно признати. Нема веќе роаминг меѓу Западен Балкан а заедничкиот регионален пазар ќе ги придвижи сите земји од регионот на економски план.

Влезот во ЕУ ќе им ја отвори портата на граѓанките и граѓаните на Северна Македонија кон ЕУ внатрешен пазар, кон најголемиот трговски блок во светот. Исто така и портата кон 450 милиони европејци. Портата за работа, за живеење, за патување низ нашиот континент. Ние се радуваме да ве видиме вас тука од Северна Македонија како минувате низ оваа порта.

Неизмерно е важно со оглед на војната во Украина да сме во сигурни партнерства, да бидеме еден покрај друг, меѓусебно да се засилуваме, да се поддржуваме. Доживуваме како Русија насилно сака да помести граници, како се обидува да им ја наметне својата власт на украинските граѓани. 24 февруари оваа година беше прекин на една епоха. Не втурна во едно друго време. Во една несигурност која се веруваше дека е надмината. Во едно време сега означено од војна, насилство и бегство. Од грижа дека војната ќе се распламти во цела Европа.

Токму во вакви времиња, достигнувањата во ЕУ имаат особено светол сјај како заедница на вредности и затоа стоиме на страната на оние кои се нападнати. Не дозволуваме една голема држава насилно да совлада помал сосед. ЕУ се залага за владеење на правото, за благосостојба. Таа останува најголем мировен проект. Руската агресорска војна ја уништи надежта за еден свет што станува помирен. Затоа е важно државите од Европа да стојат една покрај друга и меѓусебно да си нудат безбедност во една партнерска унија. Агресијата на Путин не ја подели Европа, туку уште повеќе ја зближи.

Северна Македонија игра многу важна улога. Во ОН, од пред повеќе од две години како партнер во НАТО, со својата цврста поддршка на ЕУ исто така и со зголемениот економски притисок врз Русија како и со испораката на оружје и подадената рака кон бегалците.

Вашата земја е сигурен партнер за Украина, и за сите нас тука во Европа.

Интензивните билатерални односи меѓу Северна Македонија и Германија и понатаму ќе доживуваат подем. Уште денес Северна Македонија претставува ценета економска локација за преку 200 фирми со германски капитал кои се вбројуваат во најголемите работодавци во земјата и кои вработуваат околу 20.000 работници и исто така и тоа е многу важно овие фирми им нудат обука на многу млади луѓе во Северна Македонија. Утре ќе се уверам во еден важен проект за иднината, во Богданци ќе имам прилика да го посетам првиот ветерен парк на Западен Балкан изграден за само 18 месеци со германска поддршка. Овој ветерен парк е пресвртница за поеколошко снабдување со енергија во вашата земја.

Исто така и најголемиот инвестициски проект што се планира, тоа е ветерен парк „Вирови“ кој во крајната фаза треба да снабдува 290.000 домаќинства. Ветерните паркови ни го покажуваат патот, мора да ги искористиме економските шанси на еколошка трансформација. Ова и Северна Македонија и за Германија претставува поука од руската агресија, за сите нас тоа е всушност потребно за преживување.

С.К.

говор во парламентот посета на Скопје Франк Валтер Штајнмаер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.