НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски – Бесими: Буџетот за 2023 година – Стабилност, сигурност, одговор на предизвиците и основа за развој

0
By Gabi Tocko on December 3, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за финансии Фатмир Бесими денеска, на заедничка прес-конференција, го претставија Предлог-буџетот за 2023 година, оценувајќи го како буџет за сигурност, стабилност, кој ќе одговори на кризата и постави основи за понатамошен економски раст, соопшти владината прес-служба.

Предлог-буџетот за 2023 година е основата за нашата визија за стабилна, економски просперитетна и напредна Република Северна Македонија, идна земја членка на ЕУ. Изминативе 10 месеци вложивме огромни напори и успеавме да ја заштитиме македонската економија и животниот стандард, но сега е време да мислиме за тоа како да одиме напред и како да направиме подобро, рече премиерот Ковачевски.

Тој додаде дека неговите заложби како премиер и на Владата е да обезбедат сигурност, подобра иднина и просперитет за сите граѓани во ова држава, да се стремат кон европските услови и начин на живот затоа што граѓаните заслужуваат да го имаат она што го имаат и граѓаните на ЕУ.

Премиерот Ковачевски посочи дека со буџетот во 2023 година се обезбедуваат 250 милиони евра средства за антикризни мерки, 120 милиони евра повеќе за пензионерите, 57,5 милиони евра повеќе за општините, 63 милиони евра повеќе за здравствени услуги, а она што е главна карактеристика дека се проектирани 800 милиони евра за капитални расходи, за коишто истакна дека ќе се заложи да имаат висока реализација.

Министерот за финансии Бесими потенцира дека ова е првиот буџет подготвен согласно новиот Закон за буџети, како и дека се менува неговата структура со поголемо учество на капиталните инвестиции во буџетот.

Ова е развоен буџет, со оглед на тоа дека капиталните инвестиции се повисоки од буџетскиот дефицит“, посочи министерот Бесими и истакна дека средствата од буџетот се насочуваат онаму каде даваат најголем ефект за остварување на економски цели за забрзан раст и развој. Тоа ќе се контролира со воведените индикатори и политики за мерење на резултатите од нивната примена, истакна министерот за финансии.

Министерот посочи и дека во предлогот се намалуваат непродуктивните трошења, како за дневници за службени патувања, за возила и слично, согласно Планот за фискална одржливост, а во насока на фискалната консолидација.

Се намалуваат непродуктивните трошења, како ставките за дневници за службени патувања, за возила и други непродуктивни трошоци. Предвиден е раст од 5 % за плати каде е вклучен ефектот од зголемувањето на минималната плата, а кај стоките и услугите е предвиден раст од 2 % за зголемените трошоци за електрична енергија и енергенси зарад порастот на цената, нагласи Бесими.

Ова е прва прес-конференција од низата планирани со поединечните министерствата во правец на транспарентно претставување на буџетите. Тие имаат за цел подетално во јавноста да информираат за одделните ставки и проекти во буџетот согласно заложбите за фискална транспарентност и отчетност на Владата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
ФОКУС

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

ВЕСТИ August 7, 2025

Повисоките царини на претседателот на САД, Доналд Трамп, кои се движат од 10 до 50…

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.