Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Венко Филипче: Фондацијата „Заев едно општество за сите“ ќе стипендира специјализанти за усовршување во европски центри

0
By Ана Василевска on December 6, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Венко Филипче, неврохирург и претставник на фондацијата „Заев едно општество за сите“
Венко Филипче, неврохирург и претставник на фондацијата „Заев едно општество за сите“
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 6, 2022 14:29

Вложувањето во младите лекари специјализанти, во нивна експертиза и знаење, е влог во подобрување и усовршување на целиот здравствен систем во Северна Македонија.

Државата има квалитетен медицински кадар и за да нема одлив на кадри, потребно е да се создадат конкурентни услови за работа како во европските земји, истакна проф. д-р Венко Филипче, неврохирург и претставник на фондацијата „Заев едно општество за сите“ на вчерашната панел дискусија организирана од ЗЛС на тема „План и стратегија за задржување на младите лекари во земјата“.

Фондацијата во рамките на своите програми посебен сегмент посветува на поддршка и развој на здравството, како и унапредување на положбата на здравствените работници. За таа цел, Филипче најави дека се подготвуваат две програми како стимулирање на младите специјализанти кон повисоки професионални достигнувања и градење на идни квалитетни и конкурентни лекари кои ќе работата во клиниките и болниците низ државата.

– Фондацијата „Заев едно општество за сите“ ќе обезбеди стипендии за 5 до 10 специјализанти во Иркад центарот за експериментална хирургија во Стразбур,Франција. Тоа е Центар каде на животни се аплицираат најсовремените медицински достигнувања, дали се тоа ендоскопски интервенции, или отворени хируршки интервенции, или роботска хирургија или ендоваскуларна, или хибридни интервенции. Сметам дека што поголем број на млади лекари треба да го посетат тој Центар, затоа Фондацијата тоа ќе почне да го спроведува веќе од следната година. Другата програма во договор со Медицинскиот факултет и ЗЛС, Фондацијата ќе го финансира престојот, на специјализантите, на стажот за мобилност од три месеци, во некој од најразвиените европски универзитети каде ќе може да се усовршуваат и едуцираат – истакна Филипче.

Доктор Филипче посочи дека на младите лекари треба да им се понуди соодветна поддршка и усовршување, конкурентни плати и услови во клиниките, како и почитувана позиција во општеството.

Изминативе 5 години, во секторот здравство беа реализирани 5000 вработувања, платите на здравствените работници беа драстично покачени, специјализантите за својот труд добија надомест во висина од просечна плата на општ лекар, им се плаќаат дежурства, имаат здравствено и пензиско осигурување. Дополнително, здравствениот буџет во период за пет години е зголемен близу 50%, но и покрај сето тоа треба да се размислува на подобрување на условите за работа и развој.

-Ние имаме исклучително квалитетни и посветени лекари. Има експертиза на нашите клиники која мора да се поддржува и развива и само така ќе одржуваме чекор со развиените земји и ќе ги мотивираме младите лекари да учат, да се надградуваат и работат тука. Водејќи се од овие приоритети, Фондацијата во својата програма ќе предвиди активности за поддршка на сите  млади лекари за нивен развој и едукација со цел мотивирање и унапредување на овој сектор. Покрај ова, Фондацијата ќе се фокусира и на обезбедување пристап до услуги за сите граѓани и зголемување на достапноста на услуги во сите делови од државата како и за маргинализираните групи граѓани кои немаат пристап до одредени услуги – истакна Филипче.
Тој додаде дека подобрите услови за лекарите, специјалистите и сите здравствени работници остануваат и понатаму фокус на неговата работа, но и еден од приоритетите на Фондацијата „Заев едно општество за сите„.

На младите специјализанти Филипче им порача:
-Посакувам и понатаму да останете конструктивно агресивни кога барате состаноци, и кога барате имплементација на различни модели и да продолжи системот кој што го започна Билјана пред 5 години, го продолжи Александра заедно со Марио и со Мирален и со другите колеги. Да барате секогаш вратите да ви се отворени , да не прифаќате дека има затворена врата. Ако некогаш во некоја институција мислите дека вратата ви е затворена да влезете преку прозор затоа што оваа е ваша земја.

„Заев едно општество за сите“ Венко Филипче
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 15, 2026

Иранските медиуми објавија детали од договорот меѓу САД и Иран

ВЕСТИ June 15, 2026

Иранските државни медиуми објавија нацрт-договор од 14 точки, иако ниту една страна официјално не го…

Иран поделен за договорот со САД – протести, обвинувања за капитулација

June 14, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

June 13, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.