Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Изложба на Атанас Ботев во Мала Станица

0
By Нова ТВ on October 29, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 29, 2014 14:28

Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, денеска во 20 часот ќе се отвори изложба на Атанас Ботев со наслов „Дезинтеграции“.

Атанас Ботев како сведок на актуелните случувања и ситуации ја гради својата естетска стратегија на демистифицирање на овие општествени феномени. Тој ги коментира рецентните општествени, политички и културни превирања како на локално, така и на глобално ниво.

Во контекст на неговиот интерес за креирање на синтеза на историските уметнички правци и реакција на општествено-политичките идеологии од далечното и блиското минато, иронично и интеррогативно, понекогаш и саркастично реагира преку транспонирање и редефинирање на актуелните состојби каде го соголува системот во кој главен збор водат организации на водечките светски сили кои под велот на “подобрување на животната средина” го преструктуираат глобалниот поредок, се со причина на зачувување на сопствениот интерес.

Во дефинирањето на ликовниот јазик кој Ботев го користи во реализација на неговите дела може да се каже дека е визуелен номад, спојувајќи повеќе сликарски техники и медиуми (сликарство, цртеж, графика, колаж, фотографија плакат, стрип, инсталација…), каде секој елемент е во функција на флуидност во креирањето на делото. Во отсликувањето на визулените прикази и приказни, но и приказ(н)и кои освен наративниот заплет поседуваат и пластични прочистени сентенци од реалноста, стуктуирани во надреални секвенци говорат за менталната линија на опредметувањето на континуитетот и реалитетот.

Сцените од пероните на старата скопска железничка станица, руините од бетон и арматура, се дел од реалноста на рушење на една меморија и носталгија и нејзино бришење, каде Ботев ги прекомпонирани во органски облици оставајќи погодност да не потсети на циничната нота на реалноста . Апстрактниот цртеж на храна во манир на Instragram фотографија, е во континуитет на духот на времето и трендот на општетвените мрежи, но и нивна критика.

Оплакувањето на Христос на Андре Мантења, припадниците на територијалната одбрана, членките на рускиот музичко-активистички состав Pussy Riot, Зајакот и Волкот од цртаниот филм Ну, погоди!, се само олицетворение на стереотипот плен-гонител, приказ на нормалните (недевијантни) елементи на општеството, наспроти деструктивните и асоцијални општествени појави, но и можноста за нивно испреплетување и поминување на границите. Цензурирањето на ликовите и самото присутво на авторот со подигнати раце со што ја открива сцената е само реакција на начините на скандализирање со кои се постигнува PR ефект поради лична корист…

Атанас Ботев е роден во Скопје, 1973. Дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје (графика и графички дизајн) во 1997. Магистрира на истиот факултет во 1999. Работи како раководител на Отвореното графичко студио при Музеј на град Скопје. Создава во повеќе медиуми: сликарство, графика, цртеж, инсталација, перформанс.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.