„Добро е што приватните превозцници излегоа во пресрет на барањето на премиерот да ги ослободат улиците и да овозможат граѓаните да живеат нормлано. Тие гледаат сериозност во Владата и поради тоа замоливме да сме медијатори во проблемот што го креира ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Заради нивни кавги во тендери и провизии страдаат граѓаните на Град Скопје. Единствен човек, единствен сериозен партнер на граѓаните излегува Димитар Ковачевски“ изјави претседателот на градската организација на СДСМ Скопје, Васко Кичевски во „Клик плус“ на ТВ21.
Тој додаде дека хаосот кој во Скопје го направија Ленин Јовановски и Данела Арсовска допрва ќе се рефлектира, бидејќи иницираше промени на навиките на граѓаните.
„Кога вие блокирате ги менувате навиките на граѓаните со возило да одат на работа. Нема доволно автобуси за да се заврши редовната потреба за јавен транспорт, а кога ќе почне да се менуваат навиките на граѓаните тоа ќе се рефлектира и на паркирањето и на гужвата низ градот“ рече Кичевски.
Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ само декларативно се залага за грааѓните, па поради тоа не презема ништо за подобрување на ситуацијата во Скопје, како што е завршување на проектот за изградба на мост на булевар АСНОМ, со што ќе се спои Аеродром со Гази Баба и Центар и ќе се намали гужвата.