Published: Wednesday, October 29, 2014 17:22
Навивач на Црвена Ѕвезда попладнево е ранет во судир со поддржувачи на Партизан, јавуваат српските онлајн медиуми.
Како што е наведено, конфликтот помеѓу „Делиите” и „Гробарите” се случиl додека група приврзаници на црвено-белите се враќале од финалниот натпревар во осмиот Куп против Рад, а групата фанови од Партизан поаѓале на натпреварот против ОФК Београд.
Ранетиот навивач е префрлен во болница и е надвор од животна опасност, а полицијата го уапси напаѓачот. Во текот на вечерта се очекуваат повеќе детали за инцидентот.




