Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филип Јовановски со изложба во Тирана

0
By Нова ТВ on October 30, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 30, 2014 10:51

Во рамки на двомесечниот резиденцијален престој во T.I.C.А Институтот за современа уметност во Тирана, уметникот Филип Јовановски ќе биде дел од изложбата на тема „Раскажувањето како уметничка пракса“, заедно со останатите учесници Татита Шкирладѕе (Грузија), Јонида Беко (Тирана) и Саша Ткаченко (Белград).

Изложбата ќе биде отворена денеска во изложбениот простор „Тула“ во Тирана во 19 часот.

Делото на Јовановски кое е насловено „Мајка Олимпија Храброст и нејзините деца“ реферира на драмата на Бертолт Брехт „Мајка Храброст и нејзините деца“ во која се зборува за кантинерката Ана Фирлинг или Мајка Храброст, паразит на Триесетгодишната војна, која заработува следејќи ги злосторите за да ги прехрани децата.

– Во ова дело ја земам мајката како симбол на нацијата во два историски периоди, Албанија во периодот 1945-1991 год. и Македонија денес. Албанската историја е претставена преку споменикот „Мајка Албанија“ од 1971 год. чии автори се Kristaq Rama (татко на премиерот Еди Рама), Muntaz Dhrami и Shaban Hadër, изграден во чест на загинатите партизани во Втора светска војна, и македонската која е претставена преку фрагмент од поголемиот комплекс фонтани „Воин“ на плоштадот Филип Втори во Скопје (популарно познат како Олимпија и младиот Александар) чиј автор е Валентина Стефаноска, како мајка на новиот идентитет на државата – вели Јовановски.


Соработник истражувач во делото е кураторката Ивана Васева според која ова дело ја преписпитува моќта на уметноста, манипулацијата со луѓето преку уметноста, уметниците со „уметнички“ средства како и одговорноста која се манифестира не само во сегашноста туку има посилни импликации врз идните фамилијарни генерации но и генерации на граѓани.

Делото претставува инсталација од 8 слики масло на платно кои се всушност репродукција на лични фотографии на авторот и неговото семејство, и текст – извадок од неколку месечната преписка на авторот со неговата мајка.

Во рамки на овој истражувачки проект, вчера во Скопје се постави и делото „Мајка Храброст и нејзините деца“ на Јовановски кое го користи форматот на билборд во јавен простор.

Делото е курирано од Ивана Васева а е поставено во рамки на настанот „Уметност на билборд 2“, којшто го третира концептот на „Прокрастинација“ на организацијата Арс акта.


– Ова е уметничко дело, претстава, која постои во освестувањето и спознавањето, во сонот за некоја политичка промена, во моментот на распознавањето на идеолошките структури. Нејзиното изигрување е во начинот на гледањето не во погледот на театарска сцена. Таа во овој случај добива физичка манифестација во еден масовен, надворешен, рекламен простор, кој се доживува по пат, меѓу секојдневните обврски и претставува пукнатина која промовира наместо конзумерска или идеолошка порака една идеја, замисла, проекција. Уметникот намерно користи колажиран јазик (спојувајќи различни историски контексти) кој не соодветствува совршено со пропозициите на маркетиншката индустрија бидејќи иако самата форма е предодредена, сега таа е сцена каде се одигрува битка, каде „мајката храброст“ и „нејзините деца“ се ставени пред испрашување. Оваа претстава мора да се одигра за да се стигне до нова мисла. Затоа што мајката може многу веројатно да биде оставена сама, во нова војна. А делото предупредува да не се случи тоа – вели кураторката Ивана Васева.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.