Published: Thursday, October 30, 2014 12:44
Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ вели сеуште се креира програмата за претстојната посета на албанскиот премиер Еди Рама, и многу поважно е какви пораки ќе упати тој од се друго, соопштува РТС.
Со Рама во Белград ќе патуваат и министрите за надворешни работи и економија. Дачиќ потврдува дека посета на Прешево е еден од предлозите од албанската страна.
– Воопшто не е во прашање дали некој треба да оди таму или не, туку кои пораки ќе бидат упатени. Ние очекуваме пораките да бидат во согласност со јавно изречените принципи и цели на оваа посета, а тоа е развој на добрите односи, изјави Дачиќ за емијсија „Во светот“.




