НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ескобар: Најнационалистичките партии се најкорумпирани, Северна Македонија треба да биде пример како се справи со поднесувањето на својата ЕУ кандидатура

0
By Ана Василевска on December 22, 2022 ПОЛИТИКА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во контекст на најновите предизвици за Западен Балкан и што носи идната година, зборуваше Заменик-помошникот секретар на САД, Габриел Ескобар, во интервју за Атлантски совет, објавено на почетокот на декември. Во интервјуто стана збор и за неговите размислувања како трансатлантските партнери можат да му помогнат на регионот да се врати на вистинскиот пат. Ескобар, меѓу другото, ја посочи Северна Македонија за пример како се справи со поднесувањето на својата ЕУ кандидатура.

„Би сакал да го видам процесот да се движи побрзо Европа кон Западен Балкан, поголемо учество во европската инфраструктура, можеби како набљудувачи, како кандидати, но дефинитивно ни треба повеќе Европа во регионот, и секако, ни треба повеќе Америка во регионот“ – изјави Заменик-помошникот секретар на САД, Габриел Ескобар.

На прашањето колку е оптимист за Северна Македонија Екобар одговори дека е оптимист во голема мера, особено имајќи предвид како Северна Македонија се справуваше со својата (ЕУ) кандидатура и дека тоа беше пример за регионот.

„Секогаш истакнувам дека во регион во кој има предизвици, интер и мулти етнички релации и мултиетничко управување, Северна Македонија се истакнува како многу добар пример како мултиетничка граѓанска држава и служи како пример за другите држави кои се соочуваат со истите прашања“ – рече Заменик-помошникот секретар на САД, Габриел Ескобар

Според него, Северна Македонија ги направи сите потребни реформи „за да ја отвори првата врата“.

„Длабоко верувам дека оваа Влада има волја и дека луѓето во Северна Македонија имаат капацитет да го сторат тоа што е потребно да станат полноправна членка на ЕУ. Во релацијата помеѓу Северна Македонија и НАТО, тие се заначаен сојузник, а тоа Европа и го очекува од нив, да бидат добар пратнер, кој исто така ќе придонесе за ЕУ“ – уверен е Ескобар.

Тој ги посочи токму националистичките партии се и најкорумпирани, а дека корупцијата е најголемиот проблем за регионот.

„Знаете дека корупцијата е најголемиот проблем за регионот, национализмот и етничкото ривалство е навистина само маска за тоа. Јасно е дека партиите кои се најнационалистички во регионот се и најкорумпирани. Тоа е факт. Тоа не го кажува само американската влада , туку и независни организации, како Транспаренси Интернешнл и некои организации од европскиот граѓански сектор, како и домашни организации на граѓанското општество“ – истакна Ескобар.

 

Габриел Ескобар Македонија пример за регионот САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.