НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонската машина за судниот ден

0
By Нова ТВ on February 22, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Проблемите нa Македонија се таложат, делумно поради неумешноста на ЕУ да постави цврста линија за Грција и Бугарија.

Европа има доста тешки проблеми за решавање. Тоа го прави сè повеќе и повеќе непростливо кога ги остава полесните од нив да гнојат. Најдобар пример за ова е статусот на Македонија: мала екс-Југословенска земја со популација од 2 милиона, која сака да им се придружи на ЕУ и НАТО.

Македонија е потенцијално експлозивна: Британскиот новинар Нил Асшерсон некогаш ја опиша како „машина за судниот ден“ на Балканот. Тесно избегна граѓанска војна во 2001г. (несигурната етничка рамнотежа е меѓу Словенско мнозинство на населението и Албанско малцинство). Албанците имаат мала наклоност спрема Македонската држава, но ја толерираат како средство за вклучување кон ЕУ. Тоа е разумен залог, но не и постојан.

На крајот на краиштата, Македонија има подобра шанса за влез во ЕУ, отколку Албанија (премногу сиромашна) и Косово (премногу оспорувано). Ноа тоа може да се смени. Во регион во кој животот им се сруши на милиони луѓе (во многу случаи и завршен) од војни, последниве неколку години, никој не треба да се чувствува удобно или безгрижно.

Но политичарите внатре и надвор од Македонија ја напаѓаат оваа неексплодирана бомба со чекани. Еден од проблемите е внатрешен. Опозицијата, Социјал Демократите, го бојкотираат Парламентот после немирите кои се случуваа внатре на 24 декември, кога тие беа избркани од обезбедувањето. Тие се закануваат дека ќе ги бојкотираат локалните избори на 24 март. Сепак нивната незадоволност има длабоки корени.

Никола Груевски, премиерот на Македонија, адаптира пристап, за кои некои велат дека потсетува на оној на Владимир Путин во Русија: близок преклоп на владејачката партија со државата; бескрупулозна употреба на безбедносните служби против опозицијата; строга контрола на главните медиуми и цинична употреба на ксенофобична пропаганда за домашни политички цели.

Минатата недела, Штефан Филе, еврокомесарот за проширување, ја откажа својата посета во Скопје во знак на протест на „актуелниот политички ќор-сокак“ и изјави дека стартот на преговорите е „во ризик“. Всушност, преговорите не се ни близу почетокот поради друго неодговорно однесување. Грција ја блокира евроинтеграцијата на Македонија кон ЕУ (и НАТО) поради спорот околу името на земјата.

„Македонија (во очите на Грција) е историски назив кој припаѓа на северните провинции на Хеленската Република и нејзиниот народ. Според нив употребата на името од северниот сосед е провокација и навреда – рамна на територијална претензија. За сега, Грција се повикува на нејзиниот северен сосед како Поранешна Југословенска Република Македонија, или на кратко ФИРОМ.

Европската Комисија на неколку наврати препорача старт на преговорите. И во секој обид, Грција го блокираше тоа во Советот на Министри. Сакаат Македонија да прифати друго име (како на пример Република Скопје). Грција во 1995г. вети дека нема да употреби блокада во евроинтеграциите на земјата поради спорот. Во 2011г., таа загуби случај кај Меѓународниот Суд за Правда, кој процени дека Грција го прекршила тоа ветување.

Сега Бугарија ја блокира Македонија исто така, за навидум “анти-бугарска” пропаганда произведена од страна на властите во Скопје. Но, како и со грчките препреки, големата слика се губи во овие расправии. Изолирањето на Македонија на страна, не решава ништо.
Овие спорови вклучуваат жешки несогласувања околу древната историја, плус модерни интриги и валкани договори од сите страни.

Деталите можат да бидат нејасни, но резултатите не се. Ќор-сокакот е нестабилност. Македонија се враќа наназад, загрозувајќи ги не само своите шанси за интеграција, туку и внатрешната стабилност, и сигурноста на регионот. Време е за ракување со Грција и Бугарија во покажувањето смисла, да се дојде до преговори, и да се фокусираат на сериозните проблеми во Европа.

Автор на статијата, објавена на EuropeanVoice, e е новинарот Едвард Лукас.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.