НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тренчевска: Преку јавни расправи и вклученост на сите страни, заедно креираме нов современ закон за работни односи

0
By Ана Василевска on December 26, 2022 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Клуб на пратеници денеска се одржа првата јавна расправа за новиот Предлог закон за работни односи, со што воедно започна серијата јавни расправи кои ќе се одржуваат во повеќе градови во државата во текот на месец јануари и февруари, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

Оттаму известуваат дека социјалните партнери денеска дискутирале за досегашните предлози дадени изминатиов период, во кој сите страни имале можност да дадат предлог или коментар со цел креирање на квалитетно законско решение.

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во своето воведно обраќање ја истакнала потребата од изготвувањето на нов текст на законот, кој би содржел јасни и прецизни одредби, со кои би се надминал проблемот на различни толкувања при нивната примена.

„Од самиот почеток одлуката беше процесот да биде целосно инклузивен и да ги вклучува сите оние кои можат да дадат придонес во обликувањето на законот и неговата содржина и особено сме горди што ваквиот начин на подготовка на законот значеше издигање на трипартитниот дијалог, односно социјалниот дијалог на национално ниво, на многу висока позиција. Покажавме дека сакаме да го слушнеме гласот и на работниците, но и на бизнис заедницата, и аргументираните и издржани, решенија, да ги вклопиме во законот“, истакна Тренчевска, пренесуваат од МТСП.

Во процесот биле вклучени и граѓанските организации, претставниците на судовите и на академската заедница, односно сите за коишто Министеството за труд и социјална политика сметало дека со нивните конструктивни предлози ќе му додадат вредност на законот.

Тренчевска потенцирала дека, Законот за работни односи е основен закон со кој се уредуваат базичните права од работен однос, кој воспоставува баланс во односите помеѓу договорните страни, работниците – работодавците и создава правна сигурност кај работниците од една страна и продуктивни работници за работодавците од друга страна.

„Последниве години, во нашата земја, сме сведоци на промените на пазарот на трудот,кога имаме дефицит на работна сила и кога се бара работник повеќе, особено добар работник. Неминовно, пазарот на трудот прави и саморегулација на овие односи. Во текот на процесот на подготовка, слушнавме дека дури и работодавците сметаат дека работниците не се повеќе послабата страна. И ова е можеби добро, бидејќи ја менува перцепцијата за односот работник – работодавач во насока на тоа и двете страни да сфатат дека едни без други не можат, дека си се потребни и дека треба да се почитуваат и да се грижат едни за други и да го негуваат договорниот однос и правата и обврските кои произлегуваат од него“, вели Тренчевска.

На денешната јавна расправа се дискутирало за дел од новитетите кои ги носи новиот закон за работни односи, како што е времетраењето на договорите на определено време и нови форми на договори, регулирање на отсуството заради раѓање и мајчинство, вклучување на отсуство на таткото по раѓање на детето, годишните одмори, отказните рокови, а се прави и јасна дистинкција и во делот на прекршоците.

Министерката изразила убедување дека преку заедничка работа и вклученост на сите страни, се дојде до нацрт верзија на законско решение, која претставува еден современ закон, кој ги содржи сите меѓународно прифатени трудови стандарди, од конвенциите на Меѓународната организација на трудот до директивите на ЕУ, закон кој ја следи динамиката на пазарот на трудот и ги отсликува реалните состојби на работните односи во Република Северна Македонија. Закон, кој ќе промовира флексибилност, кој ќе придонесе за задржување на постоечките и креирање на нови работни места.

Од МТСП известуваат дека по завршувањето на серијата јавни расправи, Законот ќе биде поставен на ЕНЕР, каде што повторно ќе може да бидат дадени предлози и коментари. А потоа, за законот ќе се дискутира и на Економско социјалниот совет, каде заеднички со социјалните партнери ќе се дојде до финалната верзија.

„Се надеваме дека времето и праксата ќе покажат дека носиме добар закон, кој ќе биде соодветна основа за унапредување на односите помеѓу работниците и работодавците“, порача Тренчевска, пренесуваат од МТСП.

Јованка Тренчевска Клуб на пратеници МТСП
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.