Еден ден откако ја запалија зградата на Парламентот, антивладините демонстранти денеска повторно излегоа на улиците на главниот град Уагадугу во западноафриканската држава Буркина Фасо.
Тие се револтирани од измените кои се предвидени на гласање, со кои би се дозволило претседателот Блез Компаоре, по 27 години на власт повторно да се кандидира за уште еден претседателски мандат.
Компаоре по протестите предложи формирање на преодна влада заедно со опозицијата до изборите идната година, кога треба да ја предаде власта.
Армијата вчера го распушти Парламентот и најави формирање преодна влада, а претседателот Компаоре соопшти дека останува претседател за време на транзицијата.
Портпаролот на Армијата на демонстрантите во Буркина Фасо пак им соопшти дека Блез Компаре повеќе не е претседател, но опозицијата и нејзиниот лидер Зефрин Диабре им порачаа и понатаму да го окупираат јавниот простор.




