Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ: Да останеме доследни на стратешката цел и да ги продолжиме преговорите со ЕУ

0
By Ана Василевска on December 30, 2022 ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Бојан Маричиќ, фото: Ангел Ангеловски
Бојан Маричиќ, фото: Ангел Ангеловски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 30, 2022 15:21

Следната 2023 година да биде уште поуспешна година, да останеме доследни на стратешките цели и Северна Македонија да ги продолжи преговорите, порача заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, во неговата новогодишна честитка до граѓаните.

„Во периодот кој следи мудро да ја искористиме наклонетоста која ја имаме кај европските институции, геополитичките случувања и доброто ниво на подготовка на земјата за побрзо да напредуваме во процесот на евроинтеграциите. Сето ова ми дава реален оптимизам дека 2023 ќе биде уште подинамична, но и поуспешна. Очекувам, во позитивна атмосфера, со заеднички консензус и обединување околу евроинтеграциите, да ги направиме и уставните измени. Ова е прашање кое ќе го одреди правецот на движење на државата и европската перспектива. Очекувам сите да преземат одговорност за судбината на европскиот пат на Северна Македонија и наместо домашна блокада, Северна Македонија да ги продолжи преговорите со ЕУ“, вели вицепремиерот и главен преговарач со ЕУ, Маричиќ.

Во видео обраќањето тој, меѓу другото, посочува дека тоа е и желба на граѓаните на земјава.

„Граѓаните тоа го сакаат и знаат зошто Северна Македонија треба да чекори на европскиот пат. Тоа е единствениот пат кој нуди сигурност, економски напредок, благосостојба и извесност за сите нас и државата“, наведува вицепремиерот за европски прашања.

Во годината која изминува, одговорно и мудро носевме државнички одлуки за иднината на државата, со кои, вели, после 17 години чекање, на 19 јули ја одржавме првата Меѓународна владина седница и официјално ги започнавме преговорите со Унијата, како Македонци кои зборуваат македонски јазик.

Напорно и посветено работевме на европеизација на македонското општество, а следната година со јасен план и реформски приоритети, додава вицепремиерот, ни претстои брза трансформација, согласно европските стандарди и вредности.

Во честитката Маричиќ на граѓаните им ја честита новата 2023 година со желби за добро здравје, лична и семејна среќа и понатамошни успеси, порачувајќи во годината што доаѓа „да се радуваме на уште повеќе државни успеси, на кои сите ќе бидеме горди, а младите и идните генерации благодарни“

Бојан Маричиќ ЕУ интеграции Новогодишна порака
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
shortcut
ФОКУС
August 12, 2026

Политико: Зеленски направи голема политичка грешка на Балканот

ВЕСТИ August 12, 2026

Посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Србија минатата недела предизвика низа бурни реакции низ…

Европа заплисната од рекордни жештини – во ек е петтиот врел бран

August 11, 2026

ФЗО не ѝ попушта ниту на полицијата

August 11, 2026

Ребека Гринспан фаворит за генерален секретар на ООН

August 11, 2026
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.