Published: Friday, October 31, 2014 16:07
Претседателот на Буркина Фасо Блез Компаоре објави дека се повлекува од функцијата после 27 години, поради насилните протести во земјата.
Тој издаде соопштение во кое прогласува вакум простор во власта и апелира да се одржат слободни и транспарентни избори во рок од 90 дена.
Буркина Фасо ќе ја води шефот на Армијата во тој период.
Најавата на Компаоре доаѓа откако демонстрантите го запалија Парламентот во главниот град Уагадугу, во време кога пратениците требаше да гласаат за уставни измени според кои ќе му се дозволеше на претседателот да биде резибран во 2015.




