Published: Saturday, November 1, 2014 14:18
По референдумот во Шкотска и движењата за независност низ Европа, во Италија и Трст бара независност.
Векови наназад малиот град е дом на различни култури, а беше дел и од Австроунгарската империја, додека во времето после Втората светска војна, Трст беше признат како слободна држава. Вратен е на Италија во 1954 година.
– Се бориме за правата на луѓето за слободна територија. Се бориме против италијанската влада. Ние сме мултикултурен народ, истакнува Вито Потенца, претставник на Движењето за независен Трст.




