Published: Saturday, November 1, 2014 19:08
Најмалку двајца кинески работници загинаа денеска во несреќа во рудник за јаглен во округот Бартон, во Северна Турција, соопшти „Хуриет дејли њуз“.
При уривањето во рудник во близина на црноморскиот град Амасра имало тројца кинески работиници. Едниот од работниците е повреден и е пренесен во болница, a другите двајца на 37 и 38 годишна возраст се загинати. Инцидентот се случил изутрината околу 4 часот и 30 минути.
Инцидентот во рудникот Бартон е втор сличен инцидент во Турција за помалку од една недела. Претходно 18 рудари беа затрупани на 400 метри под земја во рудник во градот Ерменек, во Јужна Турција.
Турција е на трето место во светот по смртност на работно време, според Меѓународната организација за труд.




