Специјалната полиција се судри со демонстрантите кои излегоа на улиците во француските градови против полициската бруталност, по смртта на демонстрантот предизвикана со полициска зашеметувачка граната.
По смртта на 21-годишниот демонстрант, викендов се одржале протести во големите градови Нант, Тулуз, Лил, Бордо и Авињон.
Демонстрациите во Нант и Тулуз станале насилни кога маскираните демонстранти почнале да фрлаат проектили и да ги кршат уличните знаци. Безбедносните сили одговориле со солзавец и гумени куршуми.
Најмалку 9 луѓе, од кои 4 полицајци биле повредени во судирите, а 34 се уапсени, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Демонстрантите фрлале шишиња со киселина и камења кон полицајците, ранувајќи го регионалниот гувернер Анри-Мишел Коме, пренесува Ројтерс.



