Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бислимоски: Македонија е Ел Дорадо за инвестиции во обновливи извори на енергија, лани издадени 267 лиценци

0
By Соња Крамарска on January 11, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
архивска фотографија
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 11, 2023 15:35

За вкупно 267 централи за само една година Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) има издадено лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори. Станува збор за инсталиран вкупен капацитет од 152.2 MW од обновливи извори на енергија за 2022 година, што е еднаква на три стратешки енергетски капацитети кои државата ги градела со години а тоа се ХЕЦ Козјак, ХЕЦ СВ Петка и ветрениот парк Богданци.

Со инсталираниот капацитет што е изграден за само една година може да се задоволат потребите на 65 700 домаќинства кои имаат просечна потрошувачка на електрична енергија.

„Со бројка на издадени лиценци за 267 централи за обновливи извори на енергија за само една година, можеме да заклучиме дека Северна Македонија е Ел Дорадо за инвестиции во обновливи извори на енергија. Ако имаме во предвид дека станува збор за комплексен процес чија крајна цел е вклучување во електроенергетскиот систем на новиот производствен капацитет, со овие бројки кога ја сумираме годината се покажува дека практично секој работен ден за по една нова централа сме го заокружиле процесот за издавање на лиценца, што е потврда за мобилноста, стручноста и целосната ангажираност на вработените во РКЕ“, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика.

Тој вели дека од независноста на државата па до сега, за прв пат се регистрира ултра рекордна експанзија во приватната иницијативата за инвестирање во капацитети за производство на електрична енергија пред се од Сонце, па потоа од ветер и вода, но и од биогасна маса. „Енергетската криза колку што беше неповолна, толку беше и поттикнувачка за голем број стопанственици кои направија инвестиции на фотонапонски електроцентрали со што произведената електрична енергија ја користат за задоволување на сопствени потреби во целост кога се сончеви денови“, посочи Бислимоски.

Компаниите најмногу инвестираат во фотонапонски електроцентрали, и тоа изминатата година се издадени лиценци за вкупно инсталиран капацитет од 106.5 MW, додека за ветерни електроцентрали издадени се лиценци за инсталиран капацитет од 36 MW, додека 7,2 MW се за мали хидроцентрали и 2,5 MW за термоелектроцентрали на биогас.

 

 

лиценци Марко Бислимоски обновливи извори на енергија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.