Граѓаните на Бугарија преку ФБ организираат протест пред претседателската палата вечерва во 19.00 под мотото “Не за очајот”. Протестото се организра по веста која ја потресе цела Бугарија за самозапалувањењто на 38 годишната Лидија Петрова, мајка на 11 годишно дете.
Лидија Петрова, 38 годишна фоторепортерка од Бугарија се самозапали вчера во центарот на Софија пред претседателската палата. Утрово од болницата во која таа била пренесена соопштија дека Петрова е во животна опасност со оглед на тешките изгореници кои настанале при самозапалувањето, Причините за ваквата нејзина постапка се се уште непознати.
Чинот на самозапалување е резултат на крајна очај изјави директорот на државната психијатриска болница “Св. Иван Рилски” д-р Цветослава Галабов. “Човек може да ја избере оваа исклучително болна разделба со животот, ако не гледа никаква смисла да продолжи напред”, објасни таа.
“Тоа е добро обмислен одлука. И фактот дека се случи пред претседателството во присуство на многу камери, зборува за директна порака упатена кон институциите. Не е јасна причината поради која Лидија посегнал по својот живот. Таа имала добра работа и дете, за што да се грижи. Точно е дека нејзиниот живот не бил лесен, но најверојатно нешто се случило во последните денови, што ја испровоцирало “, додаде д-р Галабов.
Вкупно шестмина се самозапалија минатата 2013 година. Последниот од нив беше 52-годишниот Димитар Димитров, кој се запали на 13 март пред претседателската палата. Тој преживеа, но останатите петмина починаа.
На 20 февруари 2013 се самозапали Пламен Горанов. По долги денови на масовни протести против високите сметки за струја, Горанов во раните утрински часови се самозапали пред зградата на Општина Варна.
Во истиот ден Бојко Борисов, кој беше премиер тогаш, поднесе оставка.
Првиот случај на самозапалување во земјата по немирите беше на 18 февруари на 26-годишниот Трајан Маречков во центарот на Велико Трново.
53-годишниот Венцислав Василев Асенов се самозапали во зградата на општина Раднево на 26 февруари.
На 22 март истата година се самозапали 40-годишен Тодор Јовчев воп близината на Варна. Причини за очајната постапка на Тодор Јовчев е невработеноста, сиромаштијата и семејни проблеми. Пред да почине во болницата изјавил “Уморни сум, нема леб, веќе не се издржува”.
Венцислав Козарев од Смолјан се самозапали на 1 мај. Венцислав самозапалувањето и го најавил на сопругата со која имале проблеми во бракот.
Експертите апелираат медиумите да внимаваат како известуваат за овие настани. По самоубиството на Мерлин Монро забележани биле 200 случаии на суицид потикнати од медиската бура поврзана со самоубиството на познатата актерка.
Извор: actuelno.com




